Прескокни до содржината

Villa M&B Suites

50 метри од плажа

Јерисос

Фотографии

Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites Villa M&B Suites

Во мирен дел на Јерисос, на само 50 метри од прекрасната градска плажа, се наоѓа вила M&B Suites, идеално место за гостите кои бараат удобност, приватност и квалитетно сместување во близина на морето.Вилата располага со модерно уредени четирикреветни и трикреветни студија со елегантен ентериер, што ги прави одличен избор за парови, семејства со деца и помали групи пријатели.Секое студио е внимателно уредено и опремено со нов, современ инвентар чија функционалност и одлична  местоположба создаваат вистинско чувство на домашна удобност, со цел да се обезбеди пријатен и безгрижен престој.Чистењето на собите,менување на постелнина и пешкири е еднаш во текот на престојот односно секоја среда.

 Опременост на студијата: Четирикреветни и трикреветни студија, Модерен и елегантно уреден ентериер, Комплетно опремена кујна, Фрижидер, Клима-уред, вклучен во цената, Сопствена бања,пешкири и фен за коса, Тераса, Wifi, Сопствен паркинг

Студио бр.1 - располага со голем брачен кревет и софа која не се спушта Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица. (Purple color/front)

Студио бр.2 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Dark green color/front)

Студио бр.3 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Dark blue color/back)

Студио бр.4 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Turquoise color/back)

Најубавите плажи во околината на Јерисос:

Voulitsa Beach – скриен бисер во тиркизен залив,

Komitsa Beach – природна убавина и бескрајна сина широчина и е меѓу плажите наградени со престижното признание „Сино знаме“ за 2026 година,

Xiropotamos Beach – мир и релаксација со поглед кон Амолијани

Kakoudia Beach – егзотична убавина на Халкидики

Места кои вреди да се посетат:

Ouranoupolis – портата кон Света Гора

Nea Roda – медитерански шарм и прекрасни плажи

Ammouliani – мал остров со голема убавина

Цени

Термин

Ноќевања

1/3 студио

1/4 студио

23.05

7 ноќи

250 €

300 €

30.05

7 ноќи

300 €

350 €

06.06

7 ноќи

340 €

390 €

13.06

7 ноќи

450 €

490 €

20.06

7 ноќи

540 €

590 €

27.06

7 ноќи

640 €

690 €

04.07

7 ноќи

680 €

730 €

11.07

7 ноќи

780 €

830 €

18.07

7 ноќи

1000 €

1050 €

25.07

7 ноќи

1000 €

1050 €

01.08

7 ноќи

1000 €

1050 €

08.08

7 ноќи

1000 €

1050 €

15.08

7 ноќи

1000 €

1050 €

22.08

7 ноќи

1000 €

1050 €

29.08

7 ноќи

840 €

890 €

05.09

7 ноќи

640 €

690 €

12.09

7 ноќи

440 €

490 €

19.09

7 ноќи

250 €

300 €

26.09

7 ноќи

200 €

250 €

Локација

Јерисос

Услови

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:   Наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

Деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на наем на студио / апартман за 7 ноќевања.

Туристичката такса изнесува 20 € по студио/апартман за 7ноќи, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.

Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.

Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот. 

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.

Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.

На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.

Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.

Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.

Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.

Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни. 

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.

Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.

Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време. 

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.

За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.

Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.

Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата. 

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.

Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.