Прескокни до содржината
  • Поаѓање пет., 20 ноем. 2026
  • Враќање вто., 24 ноем. 2026
  • Траење 5 дена
  • Превоз Авион

Фотографии

Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона Мадрид и Барселона

БАРСЕЛОНА - космополитски град на Средоземното Море, препознатлив по уникатната архитектура на Гауди, живата уметничка сцена и долгите песочни плажи. Со спојот на каталонската традиција и модерен дух, градот нуди незаборавно доживување во текот на целата година.

САРАГОСА  – историски град сместен на бреговите на реката Ебро, познат по импозантната базилика Ел Пилар – еден од најзначајните симболи на Шпанија. Градот нуди уникатна мешавина од римско наследство, маварска архитектура и жив современ ритам.

МАДРИД - живописната престолнина на Шпанија, град кој совршено ги спојува кралската традиција, богатата уметност и модерниот урбан дух. Познат по светските музеи, елегантните булевари и динамичниот ноќен живот, Мадрид нуди незаборавно искуство за секој посетител.

ТОЛЕДО - еден од највпечатливите историски градови во Шпанија, познат како „градот на трите култури“, каде со векови се испреплетувале христијанската, муслиманската и еврејската традиција. Со своите тесни улици од калдрма, средновековни ѕидини и величествената катедрала, Толедо нуди автентично патување низ шпанската историја.

Програма

  1. Ден 1 1 ден

    20.11.2026

    Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред време за лет.Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18.00 ч.Пристигнување во 20.50 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.

  2. Ден 2 2 ден

    21.11.2026

    ојадок. Организиран разглед на Барселона со посета на Mirador de Colom, главниот градски булевар Las Ramblas, Olympic Marina, Sagrada Familia и стадионот Camp Nou. Попладнето следува прошетка по елегантниот булевар Passeig de Gràcia и плоштадите каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и некои од најубавите вили во градот со уникатна архитектура: Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó i Morera. Посета на Plaça de Catalunya, Готскиот кварт, Plaça de la Seu и катедралата Saint Eulalia. Патувањето продолжува кон Сарагоса, со пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

  3. Ден 3 3 ден

    22.11.2026

    Појадок. Организиран панорамски разглед на еден од најзначајните градови во Шпанија – Сарагоса. Разгледот започнува со пешачка тура низ Macanaz Park, сместен на брегот на реката Ебро, со преминување преку монументалниот мост Puente de Piedra. Следува посета на Plaza del Pilar, каде се наоѓа познатата базилика Nuestra Señora del Pilar, како и катедралата La Seo (El Salvador). Подоцна се посетува музејот на Франциско Гоја. Во попладневните часови поаѓање кон Мадрид, главниот град на Шпанија. Сместување во хотел. Ноќевање.

  4. Ден 4 4 ден

    23.11.2026

    Појадок. Организиран разглед на Мадрид. Се посетуваат авениите Gran Vía и Paseo de la Castellana, Plaza de España, Puerta del Sol и Puerta de Alcalá, паркот El Retiro, Plaza de Oriente, Plaza Mayor, како и историските плоштади Puerta de la Ópera, Ramales и Sacramento, и Plaza de Colón. Разгледот продолжува со посета на Кралската палата (разглед од надвор). Програмата завршува со посета на стадионот Santiago Bernabéu. Ноќевање.

  5. Ден 5 5 ден

    24.11.2026

    Појадок. Организирана посета на Толедо во траење од 1 час. Посета на најзначајните градски споменици: Toledo Cathedral, Alcázar Fortress, Puerta de Bisagra, Puente de San Martín, Mirador del Valle, музејот на дамаскинот (Damasquinados Museum) и музејот El Greco. Трансфер до аеродром. Директен лет Мадрид – Скопје, поаѓање со авиокомпанијата WIZZ AIR во 21.25 ч. Пристигнување во Скопје во 00.55 ч

Цени

€499.00

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.