Прескокни до содржината

Вилата Ilaktida

ЛЕТО 2027

Торони

Фотографии

Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida Вилата Ilaktida
Вила Илактида се наоѓа во централниот дел на Торони, на околу 100 метри од плажата, на вториот крак на Халкидики – Ситонија. Објектот нуди трикреветни студија со сопствена кујна и балкон, погодни за парови и семејства. Гостите имаат на располагање градина, простор за скара и приватен паркинг. Користењето на клима-уредот и Wi-Fi интернетот е вклучено во цената.

Локација
📍 Торони, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција  
Плажа: околу 100 метри 
Во централниот дел на Торони.

Сместување и содржини
Вилата нуди трикреветни студија со еден двоен и еден единечен кревет.

Студијата располагаат со:
- Сопствена бања со туш;
- Мини-кујна со фрижидер, решо и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Телевизор со рамен екран;
- Бесплатен Wi-Fi интернет;
- Клима-уред — вклучен во цената;
- Комарници;
- Балкон со маса и столчиња;
- Постелнина и пешкири.

Содржини на објектот
- Градина;
- Простор за скара;
- Приватен паркинг.

Категорија во ценовникот
STD 1/2+1– студио со еден двоен и еден единечен кревет, со капацитет до три лица.

Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.

Цени

BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 40% BLACK FRIDAY попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
ПРИСТИГНУВАЊЕ 2027 МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
Датум / 7 ноќи 22.05 29.05 5.06 12.06 19.06 26.06 3.07 10.07 17.07 24.07 31.07 7.08 14.08 21.08 28.08 4.09 11.09 18.09
STD 1/2+1 285 339 449 579 609 609 649 669 719 719 799 799 799 749 649 449 339 285
BLACK FRIDAY 200 238 315 522 549 518 520 536 612 612 720 720 720 675 520 315 238 200
Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.

Локација

Торони

Услови

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 7 ноќевања во трикреветно студио;
- Користење клима-уред и Wi-Fi интернет;
- Користење на кујната и основниот прибор;
- Постелнина и пешкири.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз;
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса: 2 € по студио од ноќ, односно 14 € по студио за престој од 7 ноќевања;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА

Повратен автобуски превоз:

- Возрасни: 55 € по лице;
- Деца до 12 години: 45 € по лице;
- Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.

Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата. Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.

ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, со капацитет до три лица.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на студиото.
- Резервациите се потврдуваат според расположливоста.
- Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото.
- На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.

ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена. Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот по локално време.
- Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.