Вила “N&D”
40.39898, 23.87994
25 % попуст
за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Вила “N&D” се наоѓа на одлична местоположба, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Располагаме со 3 двокреветни студија, 2 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите сместувачки единици располагаат со сопствени реновирани тоалети со пешкири, балкон, минимален прибор за готвење и јадење (во нив нема тави за пржење, тенџериња, шпорети и сл.), LCD TV и квалитетен мебел. Оваа вила не дозволува готвење како во домашни услови. Сите студија се реновирани во лето 2026. Користење на клима уредот, сет пешкири и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.