Прескокни до содржината

Вила ЛИНА

50 метри од плажа

Метаморфозис

Фотографии

Вила ЛИНА Вила ЛИНА Вила ЛИНА Вила ЛИНА

Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот.

Резервирајте сега и доживејте ја вашата метаморфоза со нас!

Вила ЛИНА е во срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк.

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујнa, бања, крпи за лице и тело, фен за коса, телевизор, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

Цени


ТЕРМИН ОД:НОЌИ1/3 Студио (море)1/4 Студио (море)1/4 Апартман (странично море)1/4 Апартман (море)1/4 Дуплекс
22.057199219249259269
29.057269299319369379
05.067329379409439459
12.067389429459489519
19.067439479509546576
26.067489509559629659
03.077519549619659679
10.077549589649679699
17.077569619669699739
24.077569619669699739
31.077569619669699739
07.087569619669699739
14.087569619669699739
21.087529559619659699
28.087439479539569629
04.097369386449459519
11.097279309369379426
18.097239259279299329
25.09*7189219239269264

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (eден правец)

* 45 € деца од 2 - 12 години(повратен билет), 40 € деца од 2 - 12 години (еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште

Локација

Метаморфозис

Сместување

Услови

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Смената од 25.09.2027 означена со (*) е за со сопствен превоз.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:30 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

* 10% на сите термини, до 25.12.2026

* Уплата 50% од износот на аранжманот;

* Доплата до 25.02.2027;

* Сите резервации направени или платени после предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;