Прескокни до содржината

НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград

  • Поаѓање сре., 30 дек. 2026
  • Враќање нед., 3 јан. 2027
  • Траење 5 дена
  • Превоз Автобус
  • Поаѓање од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје, Куманово

Фотографии

НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград НОВИ САД и Сремски Карловци со посета на Суботица, Палич и Белград

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србја .Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.

Суботица град и општина во северна Србија , во Автономната Покраина Војводина. Се наоѓа на 10 километри од границата со Унгарија. Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што ПанонскатаНизина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт.

Програма

  1. Ден 1 Прв ден 30.12.2026 (Среда)

    30.12.2026

    Поаѓање во 22:00 часот од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје, Куманово преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

  2. Ден 2 Втор ден 31.12.2026 (Четврток)

    31.12.2026

    Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија. Потоа се продолжува кон Нови Сад - разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро-Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години. Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј.Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време. Смесување во хотел. Можност за дочек на Нова Година во ресторант Ексклузив. (резервација при уплатa на аранжманот) Можност за дочек на Нова година индивидуално на плоштад.

  3. Ден 3 Трет ден 01.01.2027(Петок)

    01.01.2027

    Појадок. Факултативен целодневен излет до Суботица и Паличко Езеро. Возење низ идилата на Бачкa. Средба со историја и култура на Војводина и Бачка. Војводина е Европа во минијатура, во неа живеат речиси 30 различни народи. Бачката Низина е една од најплодните почви во Европа. Во оваа екскурзија ќе истражиме два нејзини бисери на архитектурата и културата. Пристигнување во Суботица. Суботица е град со најголема концентрација на архитектура во Србија. До половина век бил најголемиот град во Војводина. По пристигнувањето во Суботица, го посетуваме Градското собрание, каде што се кријат многу убави архитектурни мотиви. По обиколката на Градското собрание, следува обиколка на старото јадро: споменикот до царот Јован Ненад, Сино-зелената фонтана, синагогата, катедралата Марија Авила... Слободно време за истражувајќи го овој прекрасен град. . Можност за уживање на Паличко езеро.. Враќање во Нови Сад. Пристигнување во попладневните/вечерните часови и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

  4. Ден 4 Четврти ден 02.01.2027 (Сабота)

    02.01.2027

    Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, панорамски разглед на градот. Посета на Храмот СВ Сава, посета на Калемегдан и кафе пауза на Кнез Михајлова. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

  5. Ден 5 Петти ден 03.01.2027 (Недела)

    03.01.2027

    Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

Цени

Промо цена - 149 евра (9.860ден)

Редовна цена - 179 евра (11.100ден)

Услови

        Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,

  • Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,

  • Профисионален туристички придружник,

  • Посета на Белград,

  • Организација и реализација на патувањето.


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Суботица и Паличко езеро - 40 евра(миниум 30 патници)

  • Дочек на Нова Година во Ресторан Ексклузив во Нови Сад - 85 евра ( за новогодишната вечер ќе не забавува популарниот ЛИЛА Бенд од Нови Сад)

    - Предјадење, вечера и неограночено безалкохолни и алкохолни локални пијалоци,

  • Туристичка такса - 2 евра (се плаќа во агенција),

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) - 200 ден.


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

  • Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карт

  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

  • Уплата исклучиво во денари.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.