Прескокни до содржината

Куќа “Atina” 2027

Јерисос

Фотографии

Куќа “Atina” 2027 Куќа “Atina” 2027 Куќа “Atina” 2027

Куќа “Atina”

 40.398701, 23.879398

 

20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % попуст на сезонски цени
за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа“Atina”се наоѓа на добра местоположба, на само150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Во куќата располагаме со 3 наши студија кои се наоѓаат на прв кат. Сите студија се пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., големи тераси со маси и столови, опремени кујни со сите потребни елементи, реновирани пространи тоалети. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.



Цени

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/3 + 1 студио  бр. 21/4 студио  бр. 11/4 студио  бр. 4
23/05-30/057129139149
30/05-06/067169179199
06/06-13/067229239249
13/06-20/067279289299
20/06-27/067299309319

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

 

 2. Сезонски цени

ТерминНоќевања1/3 + 1 студио  бр. 21/4 студио бр. 11/4 студио бр. 4
27/06-04/077629659689
04/07-11/077669699729
11/07-18/077699729769
18/07-25/077699729769
25/07-01/087739759799
01/08-08/087739759799
08/08–15/087739759799
15/08–22/087699729769
22/08–29/087699729769

 * цена за наем на студио

 

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/3 + 1 студио  бр. 21/4 студио  бр. 11/4 студио  бр. 4
29/08–05/097299309319
05/09–12/097249259269
12/09–19/097189199219
19/09–26/097129139149

 * цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

Локација

Јерисос

Сместување

Студио број 1 (1/4) – студио со голема тераса, опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.

Проверете достапност

Студио број 2 (1/3 + 1)– студио со голема тераса, опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет,стандарден кревет и софа за дете.

Проверете достапност

Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море), опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.

Проверете достапност

Услови

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Супер Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Супер Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:

Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Супер Травел“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:

Скопје – хотел ‘Russia’
Куманово – БП Макпетрол (автопат)
Велес – БП Макоил
Неготино – БП Макпетрол Неготино автопат
ГП Богородица