ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 7 ноќевања во избраната категорија студио;
- Користење на опремата и содржините во студиото, освен услугите за кои е наведена доплата;
- Постелнина и пешкири.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз;
- Патничко осигурување;
- Користење клима-уред: 5 € на ден по студио;
- Туристичка такса: 14 € по студио за престој од 7 ноќевања, која се плаќа во агенцијата;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци.
*АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА
Повратен автобуски превоз:
- Возрасни: 50 € по лице;
- Деца до 12 години: 40 € по лице;
- Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.
Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата. Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на студиото.
- При резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста.
- Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото.
- На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време.
- Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.