Прескокни до содржината

Galini Hotel 2*

ЛЕТО 2027

Едипсос

Фотографии

Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2* Galini Hotel 2*
Хотел Галини се наоѓа на Едипсос во Северна Евија, еден од најпопуларните и космополитски бањски градови во Грција, мирен дел без градски содржини. Корисните својства на термалните извори комбинирани со кристално чистите води на Егејскиот Залив, бујното зеленило, прекрасното зајдисонце и гостопримливио дух на жителите го прават Едипсос идеална туристичка дестинација, особено за летниот период од годината. Пошироката област е полна со предизвици. Живописните села, манастирите, песочните плажи и баровите се некои од бескрајните избори кои им се понудени на посетителите.

Хотелот располага со прекрасно уреден двор со зеленило и цвеќиња, катче за деца со лулашки, снек бар со прекрасен поглед кон морето, бесплатен Wi-Fi интернет на јавни површини, топла и пријатна амтосфера. На плажата , покрај кристално чистото море, која е песочно-шљункаста на одредени делови каменеста, гостите имаат на располагање бесплатни лежалки и чадори доколку се нарача пијалок од барот. Хотелските соби се декорирани со едноставен стил, светли и комотни, истите се стандардно опремени со приватен балкон, клима, ТВ, мини фрижидер, тоалет со туш и се со поглед кон море, градина или планина. Пристаништето на Едипсос е на 800м оддалеченост, центарот на градот е на 1км, а пак термалните извори се на 1,7км.   

* Во основните цени не се пресметани попусти.
* За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги
*** (Освен за резервации во РАН БУКИНГ, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу) ***

Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 2 НЕДЕЛИ (15 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ.

Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.

Цени

Hotel Galini 2* (Edipsos, Agios Nikolaos)
** ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА **
** ЦЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРИ ПО КУРС 1 ЕВРО = 62 МКД **
- Дете од 0-8,99 БЕСПЛАТНО и Второ Дете само во "FAMILY" до 8.99 БЕСПЛАТНО
- Деца од 9-15,99 ПОПУСТ 20 ЕУР на ДЕН
- Трето Лице -30%
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ и ТРАЕКТ СО ДОПЛАТА: 65 € за возрасен (45 € деца 02-12г.)

BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
- 30% на редовните цени за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026


ПРИСТИГНУВАЊЕ 2027 МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
Датум / 7 ноќи 22.05 29.05 5.06 12.06 19.06 26.06 3.07 10.07 17.07 24.07 31.07 7.08 14.08 21.08 28.08 4.09 11.09 18.09
DBL SV 189 199 199 253 286 319 330 341 352 363 396 396 396 352 330 308 253 199
BLACK FRIDAY 132,30 139,30 139,30 177,10 200,20 223,30 231 238,70 246,40 254,10 277,20 277,20 277,20 246,40 231 215,60 177,10 139,30
Family GV 199 252 252 299 338 377 390 403 416 429 468 468 468 416 390 364 299 252
BLACK FRIDAY 139,30 176,40 176,40 209,30 236,60 263,90 273 282,10 291,20 300,30 327,60 327,60 327,60 291,20 273 254,80 209,30 176,40
DBL MV 169 179 179 230 260 290 300 310 320 330 360 360 360 320 300 280 280 179
BLACK FRIDAY 118,30 125,30 125,30 161 182 203 210 217 224 231 252 252 252 224 210 196 196 125,30
DBL SSV 179 191 191 241 273 304 315 326 336 347 378 378 378 336 315 294 241 191
BLACK FRIDAY 125,30 133,70 133,70 168,70 191,10 212,80 220,50 228,20 235,20 242,90 264,60 264,60 264,60 235,20 220,50 205,80 168,70 133,70

Локација

Едипсос

Услови

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во избраниот хотел на база ПОЈАОДОК И ВЕЧЕРА во термин со 7 ноќевања, според табелите во ценовникот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот хотел во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Туристичка Такса 2 евра по соба од ноќ се плаќа директно во хотел

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 65 € за возрасен (45 € деца 02-12г.)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.