Прескокни до содржината

Евија Лутра Едипсос 8ми Март

ПРОМО BLACK FRIDAY за резервации до 30.11.2026 - 139€/8.618ден

  • Поаѓање саб., 6 мар. 2027
  • Враќање пон., 8 мар. 2027
  • Траење 3 дена
  • Превоз Автобус
  • Поаѓање од Скопје, Неготино ..

Фотографии

Евија Лутра Едипсос 8ми Март Евија Лутра Едипсос 8ми Март Евија Лутра Едипсос 8ми Март Евија Лутра Едипсос 8ми Март Евија Лутра Едипсос 8ми Март
Програма на патување: 

1. Ден 06.03.2027 (сабота) СКОПЈЕ - ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски 00:00 часот, поаѓање за Евија во 00:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се влеваат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори на отворено. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 07.03.2027 (недела) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС 
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечерта, организирана осмомартовска вечера со забава. Ноќевање. 

3. Ден 08.03.2027 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ  
Појадок.  Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

ПРОМО BLACK FRIDAY за резервации до 30.11.2026 - 139€/8.618ден 
ПРОМО за резервации до 31.01.2027 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа
- Сместување во Хотел Ореи 3* во Лутра Едипсос на островот Евија 
- Исхрана на база на 2 полупансиони (појадок шведска маса и вечера сет мени) на 07.03 наместо класична вечера осмо мартовска вечера со забава и Диџеј 
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Патничко и здравствено осигурување 
- Факултативна посета на Прокопи 15€ (доплата на лице место) 
- Туристичка такса 2€ од соба од ноќ вкупно 4€ по соба (доплата на лице место) 

Попусти и опционални доплати:
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620мкд (мин. 2 седишта); 
- Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030мкд

НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени. 
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ

Цени

ПРОМО BLACK FRIDAY за резервации до 30.11.2026 - 139€/8.618ден 
ПРОМО за резервации до 31.01.2027 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.