Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
ЛЕТО во ШПАНИЈА со посета на ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА!
***Цени и термини БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ И ДОПЛАТИ***
| Хотел Дон Хуан 4* | Тип на соба |
| Термини | 1/2 |
| 17.06 – 28.06 | 649€ |
| 01.07 – 12.07 | 679€ |
| 15.07 – 26.07 | 699€ |
| 29.07 – 09.08 | 789€ |
| 12.08 – 23.08 | 789€ |
| 26.08 – 06.09 | 669€ |
| 09.09 – 20.09 | 599€ |
Повеќе инфо за хотелот – Gran Hotel Don Juan 4*
Поаѓање околу пладне од Скопје од паркингот на СЦ "Борис Трајковски". Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција. Ноќно возење со паузи за одмор и гранични формалности.
Пристигнување во пристанишниот дел на Пунта Сабиони(Трончето), – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна и пристигнување во стариот историски дел на градот. Следува разглед: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални активности и уживање во градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.
Појадок. По појадокот следува поаѓање кон Верона. По пристигнувањето градот на Ромео и Јулија следува разглед: Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…. Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полупансиони (појадок и вечера) – на база на шведска маса). Слеува слободно време предвидено за одмор, капење и уживање во убавините на Медитеранот. Вечера. Ноќевање
Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен и збогатен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, ЕНЈОЅИНГ БАРЦЕЛОНА, PORT AVENTURA, AQUARIUM... Освен предвидените излети, времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите. Овие денови се совршена комбинација на посета на песочни плажи, средновековна архитектура и места кои се совршен спој на традицијата и модернизмот.
Појадок. После појадокот следува напуштање на хотелот и заминување од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег, по што следува посета на парфимерија во Ез и веднаш потоа, ноќна посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По посетата на Монако и Монте Карло, следува сместување во хотел. Ноќевање на Азурен брег (Кан/Ница/Антиб...).
Појадок. По напуштањето на собите, следува панорамски разглед на Кан и упатување кон Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на предвиденото време за престој во Ница, во доцните попладневни часови, патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.
Пристигнување во вечерните часови.