Прескокни до содржината

Фотографии

СОЛУН СОЛУН

НОВА ГОДИНА ВО СОЛУН 🎄✨

Термин: –
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 €

НОВОГОДИШНА МАГИЈА ВО СОЛУН

Дочекајте ја Новата 2027 година во празнично украсениот Солун – градот на морето, добрата храна и незаборавната атмосфера.

Уживајте во прошетките низ центарот, празничната декорација, шопингот и атмосферата на еден од најпознатите грчки градови.

ПРОГРАМА

| СКОПЈЕ – СОЛУН

Состанок на групата пред Дрво Декор во 03:30 часот.

Поаѓање кон Солун во 04:00 часот, со попатни паузи по потреба.

Пристигнување во Солун и организиран разглед на градот со водич, при што ќе ги запознаеме неговите културно-историски знаменитости.

По разгледот, краток одмор и заминување кон хотелот.

Сместување во хотелот.

Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ централниот дел на Солун.

За заинтересираните гости, можност за опционална класична вечера во хотелот со доплата, во период од 19:00 до 22:00 часот.

Ноќевање.


| СОЛУН

Појадок.

По појадокот, слободно време за индивидуални активности.

Прошетка низ празнично украсениот центар на Солун, уживање во празничната атмосфера, шопинг и можност за посета на познатите централни улици:

Tsimiski, Aristotelous и Mitropoleos.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во празничната декорација, новогодишната атмосфера, традиционалните грчки специјалитети, слатките и топлите пијалаци.

Слободно време за шопинг, кафе и индивидуални активности во центарот на градот.

За заинтересираните гости, можност за опционална класична вечера во хотелот со доплата, во период од 19:00 до 21:30 часот.

Во вечерните часови, гостите индивидуално ќе имаат можност да присуствуваат на новогодишната програма на градскиот плоштад, со музичка програма и празнична атмосфера, каде ќе се пречека Новата 2027 година.

По желба, можност за опционална вечера во грчка таверна.

Ноќевање.


| СОЛУН – СКОПЈЕ

Доцен појадок до 10:30 часот.

Слободно време за индивидуални активности и последна прошетка низ Солун.

Во договорено време со придружникот на патувањето, заминување кон Скопје.

Патувањето ќе се одвива со попатни паузи по потреба.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

169 € по лице

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

✓ Автобуски превоз на наведената релација
✓ Сместување во Хотел ABC 4★ – Солун
✓ 2 ноќевања на база на шведска маса
✓ Придружник на патувањето
✓ Организација и водство на патувањето
✓ Организиран разглед на Солун со водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Туристичка такса – 1,50 € по лице/ноќевање, се плаќа на рецепција
• Индивидуални влезници
• Опционална класична вечера во хотелот – 17 € на 30.12 и 31.12
• Опционална вечера во грчка таверна
• Патничко осигурување – 5 €

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

За резервација е задолжителна уплата на 30% аванс од вкупниот износ на аранжманот.

Целосната доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето се врши во денарска противвредност по курс:

1 € = 62,00 денари

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 38 патници, доколку не е договорено поинаку.

При резервација задолжително е пријавување за факултативите кои патникот сака да ги користи, со цел агенцијата навремено да ги организира.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како што се застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на локалитети и други непредвидени околности.

Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First Minute или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени различни од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Начин на плаќање: со платежни картички, фактура или во готово.

Важат Општите услови на Т.А.

При уплата задолжително побарајте Договор–Пријава за патување со Општите услови за патување.