Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
✈️ ДИРЕКТЕН ЛЕТСкопје – Рим – Скопје
🏨 СМЕСТУВАЊЕХотел 3★ или 4★
🍳 УСЛУГА3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕРАеродром – хотел – аеродром
Рим е главниот град на Италија, кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот.
Познат како Вечниот град или градот на седумте ридови, Рим повеќе од три илјади години го гради својот уникатен карактер.
Со векови бил главен град на едно од најмоќните царства во историјата на Европа, а подоцна и духовен центар на католичката религија и седиште на градот-држава Ватикан.
Со огромен број историски споменици, Рим е вистински музеј на отворено, но истовремено и модерен град исполнет со уметност, архитектура, мода и прекрасна италијанска гастрономија.
ДЕН1
| САБОТА
СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:35 часот.
Полетување за Рим во 16:35 часот.
Пристигнување во Рим во 18:25 часот.
По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел. Ноќевање.
ДЕН2
| НЕДЕЛА
ТИВОЛИ – РИМ – КОЛОСЕУМ
Појадок во хотел.
По појадокот можност за полудневен факултативен излет до Тиволи и посета на комплексот Villa D'Este.
Комплексот со својата палата и прекрасна градина се вбројува меѓу најпознатите ренесансни градинарски комплекси.
По враќањето во Рим следува посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.
Потоа следува разглед однадвор на една од најголемите знаменитости на Рим – Колосеумот.
Колосеумот е лоциран во близина на дворецот на Нерон – Domus Aurea и бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.
Слободно време.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН3
| ПОНЕДЕЛНИК
- РИМ – ВАТИКАН – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
Појадок во хотел.
По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан.
Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа.
Во рамките на посетата се предвидени:
Во Ватиканските музеи ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело.
Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати уметници.
Во периодот од 1508 до 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд.
Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок.
По кратка пауза следува можност за организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа.
Во рамките на разгледот се предвидени:
Слободно време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН4
| ВТОРНИК
РИМ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување.
Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и дополнително уживање во Рим.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување кон Скопје во 19:05 часот со директен лет.
Пристигнување во Скопје во 20:45 часот.
20 €
Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро.
Разгледот ги опфаќа:
70 €
Факултативна посета на Ватикан со:
Во рамките на посетата се предвидени Ватиканските музеи, Систинската капела и црквата Св. Петар.
70 €
Организирана посета на Тиволи со:
Посета на еден од најпознатите ренесансни комплекси во околината на Рим.
ФАКУЛТАТИВИТЕ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ И УПЛАТАТ ВО АГЕНЦИЈА ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ.
Поради потребата од навремено резервирање термини и купување влезници, факултативните екскурзии треба да се пријават и уплатат однапред.
За реализација на дополнителните екскурзии се потребни минимум 16 пријавени лица.
Агенцијата не гарантира достапност на влезници доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.