Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
✈️ ДИРЕКТЕН ЛЕТWizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕХотел 3★
🍳 УСЛУГА3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕРАеродром – хотел – аеродром
Мадрид е познат по своите музеи, прометни улици исполнети со продавници, ресторани со светска кујна и незаборавен ноќен живот.
Градот ќе ве изненади и со своите мирни историски места, кои ги шармираат сите што поминуваат покрај нив.
Кога е време за јадење, Мадрид нуди огромен избор – од традиционални барови во кои можете да откриете што значи вистинскиот castizo дух, до безброј места каде можете да уживате во познатите тапас.
Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Гостопримлив, разновиден, весел и жив во секое време, тој без сомнение е еден од најинтересните градови во Европа.
ДЕН1
| ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:05 часот.
Полетување кон Мадрид во 17:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 20:45 часот.
По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел. Ноќевање.
ДЕН2
| САБОТА
МАДРИД – ХАБСБУРШКИ МАДРИД
Појадок во хотел.
По појадокот можност за организирана пешачка тура со локален водич, која го опфаќа таканаречениот Хабсбуршки Мадрид.
Овој дел од градот бил создаван главно во XVI и XVII век, иако за време на турата ќе видиме и места кои потекнуваат од подоцнежни периоди.
Разгледот започнува од Puerta del Sol, плоштадот каде традиционално се дочекува Новата година.
Продолжуваме кон Plaza Mayor, каде се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид, како и бројни други историски настани.
Следува прошетка кон пазарот Mercado de San Miguel и најстариот ресторан во градот – Botín.
Продолжуваме по улицата Mayor, поврзана со еден од првите масовни атентати во историјата на Шпанија.
Потоа се упатуваме кон Катедралата Алмудена. Во зависност од тоа дали во моментот има миса, можна е посета на внатрешноста.
Следува разглед на Кралската палата, најголемата палата во Западна Европа, споменикот на Филип IV и Кралската опера.
По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за индивидуални активности.
Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН3
| НЕДЕЛА
МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок во хотел.
За денешниот ден е предвидена можност за факултативна посета на Толедо.
Регионот е познат по жолтите пченични полиња, осамените замоци, ветерниците и приказната за Дон Кихот.
По приближно едночасовно возење пристигнуваме во Толедо – старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во земјата.
Предвиден е панорамски поглед од брегот на реката Тахо, со прекрасна панорама кон градот и палатата-тврдина Алказар.
Следува прошетка низ историскиот центар, познат по бројните градби кои претставуваат прекрасни примери на мавританската и средновековната архитектура.
Толедо е познат и по традиционалното производство на марципан.
Обиколка на готската Catedral de Toledo, градена во периодот од XIII до XV век.
Предвиден е разглед на олтарот и ризницата, каде се наоѓаат дела и апостолати на Ел Греко.
Во договорено време враќање назад во Мадрид.
Ноќевање.
ДЕН4
| ПОНЕДЕЛНИК
МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок во хотел.
Слободен ден за индивидуални активности во Мадрид.
Предлагаме прошетка по познатата трговска улица Gran Vía или посета на главниот градски парк – Retiro.
Во паркот се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII, како и прекрасните Palacio de Velázquez и Palacio de Cristal.
Индивидуално враќање во хотел.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување кон Скопје во 21:25 часот.
Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:50 часот.
35 €
Организиран пешачки разглед со локален водич низ историскиот Хабсбуршки Мадрид.
Разгледот опфаќа:
85 €
Факултативната посета вклучува:
Посета на старата шпанска престолнина со панорамски поглед кон градот, прошетка низ историскиот центар и запознавање со најпознатите знаменитости на Толедо.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА МИНИМУМ ЕДНА ФАКУЛТАТИВА ВО АГЕНЦИЈА!
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените факултативи, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од:
Не се гарантира влез доколку клиентот се одлучи за факултативна посета дури на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на факултативните посети.
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.