КАВАЛА
Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови на Егејското Море. Сместен покрај брегот, градот плени со својата автентична атмосфера, прекрасните морски пејзажи и богатата историја. За време на божиќните празници, Кавала добива посебна празнична магија. Секоја година, во централното пристаниште се поставува и украсува традиционален мал брод, кој претставува еден од препознатливите симболи на празничната атмосфера во градот.
Програма
1
Ден 1: (сабота)
Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Краток разглед на градот. Се посетува стариот град, аквадуктите, тврдината... Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.
2
Ден 2: (недела)
По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп). Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3
Ден 3: (понеделник)
Појадок, по појадокот се упатуваме во центарот на Солун. Слободно време (2 часа) за индивидуални активности. Во попладневните часови и во договореното време тргнуваме назад кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер од Битола, Прилеп
- Посета на Драма и Божиќниот маркет - 20 евра
- Задолжителна туристичка такса 10 евра по лице се плаќа во автобус кај водичот
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Супер Травел