Прескокни до содржината

Даруварске Топлице и Божиќен Загреб

Фотографии

Даруварске Топлице и Божиќен Загреб Даруварске Топлице и Божиќен Загреб Даруварске Топлице и Божиќен Загреб

Програма на патување:

1 ден (сабота) СКОПЈЕ – ДАРУВАР

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2 ден (недела) ДАРУВАРСКE ТОПЛИЦE

Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар. Оставање на багажот во хотелот и кратко и време за освежување од патувањето. Следува лесна прошетка низ Јулиевиот парк и центарот на градот, до дворецот Јанковиќ, со надворешен разглед. Слободно време за ручек по сопствен избор. Сместување во главната зграда на хотел Термал 3★ според хотелското време за пријава. Попладнето е слободно за одмор и користење на термалните базени на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ден (понеделник) ДАРУВАР – ЗАГРЕБ (АДВЕНТ 2026) – ДАРУВАР

Појадок. Кратко слободно време за утринско капење во термалните базени. Ден предвиден за посета и разглед на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа, разглед на главниот град на Хрватска Загреб и загребачкиот божиќен пазар – Адвент 2026. Поаѓање за Загреб во 10:30 часот. Пристигнување околу 13:00 часот и пешачки разглед со локален водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Калчиева улица, Камената порта и Горниот град, црквата Св. Марко... По разгледот, следи слободно време за индивидуални прошетки и уживање во Божиќниот пазар. Во договорено време во 18 часот собирање на групата и враќање во хотел во Дарувар. Вечера. Ноќевање.

4 ден (вторник) ДАРУВАР – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар која вклучува дегустација на сирења и пива. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Промо цена за комплетна уплата до €/13.578ден

Редовна цена на аранжманот - 249€/15.438ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:.

• Πревоз со туристички автобус на наведената релација

• Сместување во хотелскиот комплекс Даруварски Топлици во Хотел Термал 3* на база 2 ноќевања

• Исхрана на база полупансион (појадок и вечера шведска маса)

• Бесплатно користење на базените во хотелот со термална вода од 30 до 36°C

• Организирана прошетка и разглед на Дарувар со локален туристички водич

• Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:.

• Патничко и здравствено осигурување

• Туристичка такса и рецепциска пријава 5€ по лице за цел престој (доплата на лице место)

• Целодневна факултативна посета и разглед на Загреб со локален водич - 40€ (доплата во автобус)

• Индивидуални неспоменати трошоци

Важни напомени:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.

- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

- За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Супер Травел.