Прескокни до содржината

Фотографии

ВРЊАЧКА БАЊА ВРЊАЧКА БАЊА ВРЊАЧКА БАЊА

НОВА ГОДИНА ВО ВРЊАЧКА БАЊА 🎉✨

Термин: –
Редовна цена: 285 €

ВРЊАЧКА БАЊА

Врњачка Бања е едно од најпознатите бањски и туристички места во централна Србија. Сместена во долината на реката Западна Морава, таа е меѓу најстарите и најпосетуваните бањи во регионот.

Позната е по своите лековити минерални извори кои се користат за лекување, рехабилитација и релаксација. Врњачка Бања располага со прекрасно уредени паркови, долги шеталишта, современи хотели и спа-центри, што ја прави привлечна дестинација во текот на целата година.

Особено позната е по „Мостот на љубовта“, каде што вљубените парови оставаат катанци како симбол на вечна љубов.

За новогодишните празници, Врњачка Бања нуди прекрасна празнична атмосфера, музичка програма и зимска магија, што ја прави одлична дестинација за дочек на Новата 2027 година.

ПРОГРАМА

| СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата пред Дрво Декор во 07:30 часот.

Поаѓање кон Врњачка Бања во 08:00 часот, со попатни паузи по потреба.

Пристигнување во Врњачка Бања и сместување во хотелот.

Слободно време за индивидуални активности, одмор и запознавање со туристичкото место.

Вечера.
Ноќевање.


| ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок.

По појадокот, слободно време за индивидуални активности и користење на хотелските содржини.

Во периодот од 15:00 до 17:00 часот следува доцен ручек со вклучен домашен пијалак по избор – локална ракија, вино или сокови.

Слободно време.

Во вечерните часови, гостите индивидуално ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалната новогодишна програма на градскиот плоштад, со музичка програма и празнична атмосфера, каде ќе се пречека Новата 2027 година.

Ноќевање.


| ВРЊАЧКА БАЊА

Доцен појадок до 12:00 часот.

Можност за користење на Wellness програмата во хотелот, која вклучува:

  • Финска сауна
  • Ароматичен туш
  • Инфрацрвена кабина
  • Релакс тепидариум
  • Солена соба за релаксација и детокс

Слободно време за индивидуални активности и уживање во Врњачка Бања.

Вечера со вклучен домашен пијалак по избор – вино, ракија или сок.

Ноќевање.


| ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок.

По појадокот, одјава од хотелот и заминување кон Скопје.

Патување со попатни паузи по потреба.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

285 € по лице

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

  • Деца до 6 години: не плаќаат сместување доколку се во придружба на 2 возрасни лица.
  • Деца од 6 до 11 години: плаќаат 50% од цената, доколку се во придружба на 2 возрасни лица.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

✓ Автобуски превоз на наведената релација
✓ Сместување во хотел 3★ на база на шведска маса
✓ Вечера на
✓ Појадок и доцен ручек на
✓ Доцен појадок и вечера на
✓ Појадок на
✓ Користење на Wellness мини-центарот во хотелот
✓ Еден влез во Аква парк „Врњачке Терме“ – гостите избираат ден по сопствена желба и можат да ги користат базените со топла вода, кои се наоѓаат во непосредна близина на хотелот
✓ Придружник на патувањето
✓ Организација и водство на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Туристичка такса – 1,5 € по лице/ноќевање, се плаќа на рецепција
• Патничко осигурување – 5 €
• Вечера во локални ресторани со музика

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

За резервација е задолжителна уплата на 30% аванс од вкупниот износ на аранжманот.

Целосната доплата се врши 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс:

1 € = 62,00 денари

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници, доколку не е договорено поинаку.

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, со цел агенцијата навремено да ги организира.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како што се застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и други непредвидени околности.

Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First Minute или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени различни од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Начин на плаќање: со платежни картички, фактура или во готово.

Важат Општите услови на Т.А .

При уплата задолжително побарајте Договор–Пријава за патување со Општите услови за патување.