Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Villa Eleni
Вилата Елени се наоѓа во градот Ипсос, на 250 метри оддалеченост од плажата.
Вилата располага со двокреветни студија и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.
Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.
Цените по лице почнуваат од: 99 €
Факултативни излети:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 120 € по лице
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена односно 9 ноќевања/10 дена.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.
– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е еден ден порано).
– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
– За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Сместување во собите е после 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на Супер Травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
Состанок на групата пред Хотел Континентал во договореното време еден ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. Сместување во вилата започнува од 14:00 часот
Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.
За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.