Прескокни до содржината

Вила Вангелис

150 метри од плажа

Лептокарија

Фотографии

Вила Вангелис Вила Вангелис Вила Вангелис Вила Вангелис Вила Вангелис
Вила "VANGELIS" - Лептокариjа
Бесплатно сместување за 3-то лице во студио
3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална
5-то лице во дуплекс апартман со две спални соби

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел "Eleni" под главиот пат и пругата во центар на Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија, апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла и се наоѓаат на високо приземје и први кат, во трокреветните има еден брачен и еден единечен кревет на први кат, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, и еден брачен и еден единечен во кујната. Овој апартман се наоѓа на високо приземје, додека во дуплекс апартманот со две одделни спални соби има три единечни во едната спална и две единечни во другата спална и дневна со кујна. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен  интернет и прекрасно уредени двор со парк кој ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.  Ви посакуваме пријатен престој.

Цени


 BLACK FRIDAY - ПОПУСТ - ЛЕТО 2027 

 10% попуст на термини СО превоз 

 20% попуст на термини БЕЗ превоз 

50% уплата веднаш | 50% доплата до 01 март 2027

Локација

Лептокарија

Услови

  •  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • -  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
  • -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • -  Доплата за клима - 6€ од ден (студио),  8€ од ден (апартман) - на лице место;
  • -  Доплата за превоз: 60€ за возрасни (повратен билет), 50€ (еден правец) / 50€ за деца до 12 год. (повратен билет), 40€ (еден правец). Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А.Супер Травел