Прескокни до содржината

Фотографии

Vila Lanthi 2026 Vila Lanthi 2026

Vila Lanti – Sykia, Halkidiki, Greece

Опис

Вилата Lanti (Ianthi Apartments) е модерен семеен објект сместен во едно од најживописните места на вториот крак – Сикија, на само 150 метри од плажата Sykia Beach. Совршен избор за мирен семеен или паровски одмор, со уредени и пространи апартмани кои нудат удобност, чистота и прекрасен поглед кон морето или планината.

Локација

Објектот се наоѓа во Сикија, во регионот Ситонија, на околу 150 метри од познатата песочна плажа Sykia Beach и 2 км од Tourkolimnionas Beach. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, маркети и кафулиња. Валти плажа е на само 2,2 км, додека аеродромот во Солун е оддалечен околу 134 км.

Сместување и содржини

Вилата располага со удобни студија и апартмани со керамички подови и модерен ентериер. Секое студио/апартман е опремено со:

- клима-уред

- телевизор со рамен екран

- приватен тоалет со туш и бесплатни тоалетни производи

- комплетно опремена кујна со фрижидер

- балкон или тераса (дел со поглед кон море, дел со планински поглед)

- постелнина и пешкири

Сместувањето располага и со семејни апартмани погодни за 3–4 лица, идеални за гости кои сакаат приватност и комфор.

Двор и удобности

Во рамките на вилата има сончева тераса со лежалки, двор со зеленило, како и бесплатен приватен паркинг. Објектот нуди и услуга за изнајмување возила, а на гостите им е достапен и Wi-Fi интернет низ целиот објект.

Услуга и хигиена

Собите се чисти, модерно уредени и се одржуваат со големо внимание. Постелнината и пешкирите се редовно менуваат, а персоналот е познат по љубезноста и семејниот пристап кон гостите.

Предности

- Одлична локација – на 150 м од Sykia Beach

- Пространи и модерни апартмани

- Потполно опремена кујна во секој апартман

- Бесплатен Wi-Fi и паркинг

- Сончева тераса и пријатен двор

- Идеално за семеен или паровски одмор

Одалеченост од најубавите плажи на Ситонија:

2,2км од Турколимнионас

1,3км од Линараки

850м од Пигадаки

3,9км од Климатарија

6,8км од Криарици

5,1км од Тиганија

2,7км од Валти

1,4км од Гриавас

4.1км од Агридиа

5,3км од Платанија

- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

- Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Сместување во Студио за 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Превоз до избраниот објект во Грција.

* Задолжително патничко осигурување.

* Користење на клима уред 5 евра на ден (доплата кај сопственикот)

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 2 евра по соба од Ден (доплата на лице место)

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 1,5 евра по соба од Ден (доплата на лице место)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз:

- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра

- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра

- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра

*Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)