Прескокни до содржината

Вила Фиори

50 метри од плажа

Паралија

Фотографии

Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори Вила Фиори
Вила "FIORI" - Паралиjа
Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио

Вила “FIORI” е лоцирана на само 50m од песочната плажа во Паралија и на околу 200m од црквата. Располага со следната структура на студија: 1/2 (еко студио со брачен кревет, терасата е надвор од собата во ходникот), 1/2 студио (брачен кревет со две тераси), 1/3 студио (еден брачен и еден единечен) и 1/4 студио (еден брачен и две единечни легла). Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња) клима, ТВ, гардеробер. Некои од студијата имаат страничен поглед кон море. Вилата е со одличен квалитет на сместување, максимално чиста, комфортини студиа. Вилата има и ЛИФТ. Wi-Fi интернет - Бесплатен.  Студијата кој се  на II кат. Ви посакуваме пријатен престој
GPS Coordinates:  40.263825, 22.594765

Цени

 BLACK FRIDAY - ПОПУСТ - ЛЕТО 2027

 10% попуст на термини СО превоз 

 20% попуст на термини БЕЗ превоз 

50% уплата веднаш | 50% доплата до 01 март 2027

Локација

Паралија

Услови

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);
  • -  Доплата за клима  8€ од ден (на рецепција во вилата);
  • -  Доплата за превоз: 60€ за возрасни (повратен билет), 50€ (еден правец) / 50€ за деца до 12 год. (повратен билет), 40€ (еден правец). Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А.Супер Травел