Мадрид и Барселона 20.11.2026
20.11.2026
BLACK FRIDAY до 31.11.2026
САРАЕВО- МОСТАР
Сараево - главен град и културен центар на Босна и Херцеговина. Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. Наречен „Ерусалим на Европа” или „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.
Прв ден: 05.03.2027 (Петок ) Кавадарци - Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден: 06.03.2027 (Сабота ) Сараево
Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовитe. Смесување во хотел.
Трет ден: 07.03.2027 (Недела ) Сараево – Јабланица – Мостар - Сараево
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Со попатна посета на Јабланица - срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево.
Можност за свечена вечера. Ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2027 (Понеделник) Сараево - Босански Пирамиди – Вишеград - Кавадарци
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот - Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри пирамидата на Сонцето е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ''Равно 1'' во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.
***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот.
Заминување кон Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот “Мостот на Дрина” на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град'' познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.
Враќање кон Македонија со попатни паузи.
Петти ден: 09.03.2027 ( Вторник)
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
BLACK FRIDAY до 31.11.2026: 109e (6760денари)
ПРОМО ЦЕНА – 119 (7380 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 135 евра (8,370 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Aвтобуски превоз на дадената релација;
Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
Разгледување на Сараево со локален водич;
Разглед на Андрич град;
Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи :
Бр.1: Полудневен излет до Мостар (разглед + Врело Буна +Јабланица) – 60 евра - минум 35 патници;
Бр.2: Постета на Босански Пирамиди - 30 евра (миниум 30 патници);
Босански пакет ( Мостар + Босански Пирамиди) - 80 евра.
Туристичка такса 5 евра - се плаќа во агенција;
Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
Крстарење на Дрина 10 евра по лице
Свечена вечера - евра (во Hollywood Hotel -на шветска маса без вклучен пијалок)
Туристичка такса 2 евра - се плаќа во агенција;
Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
Крстарење на Дрина 10 евра по лице
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.