Прескокни до содржината

Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија

Фотографии

Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија

Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија

Скопје · Лисабон · Танжер · Валенсија · Палма де Мајорка · Сет · Барселона · Скопје

Поаѓање од СкопјеПочеток на крстарење

€1.960

Цена од €1.149

71.238 мкд · по лице во двокреветна кабина

Цената важи до


Рута на патување

Скопје

Ден 1

Лисабон

Ден 2–3

Танжер

Ден 4

На море

Ден 5

Валенсија

Ден 6

Палма де Мајорка

Ден 7

Сет

Ден 8

Барселона / Скопје

Ден 9

Превоз

Авион + автобус + крузер

Брод

Celestyal Discovery

Услуга

Полн пансион со безалкохолни пијалаци

Поаѓање

од Скопје

Времетраење

9 дена / 7 ноќи

Пратител

Туристички претставник со групата

Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:45 часот, од каде продолжуваме со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).

Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од 12:00 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.

Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон. Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00 часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.

Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.

Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.

Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.

Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.

Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.

Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.

Цени по лице · сместување на минимум 2 лица во кабина · термин
КабинаЦена по лице
Внатрешна кабина€ мкд
Надворешна кабина€ мкд
Кабина со балкон€ мкд
Дете до 2 години€289
Дете 2–11 години · било која кабинаод €1.049
Еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабинаНа барање

Цената важи до . За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето.

Вклучено

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Discovery
  • Повратни авионски билети Скопје – Мадрид – Барселона – Скопје
  • Автобуски трансфер од аеродром до пристаништето
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 EUR
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
  • Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
  • Основен Wi-Fi интернет
  • Туристички претставник

Не е вклучено

  • Медицински услуги
  • Виза за Мароко 100 EUR
  • Индивидуални трошоци за екскурзии и излети кои се нудат дополнително на бродот
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Препорачан бакшиш за водичот: 1 EUR на ден од возрасно лице
  • 1

    Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време.
  • 2

    За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци.
  • 3

    Индивидуални излети и посети, и сѐ друго што не е споменато во програмата, е со доплата.
  • 4

    Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
  • 5

    За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит; целосна доплата 30 дена пред патувањето.
  • 6

    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Celestyal.
  • 7

    За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • 8

    Цената важи до .