Прескокни до содржината

ЈОРДАН

Јануари (Водици)

  • Поаѓање пет., 15 јан. 2027
  • Враќање чет., 21 јан. 2027
  • Траење 7 дена

Фотографии

ЈОРДАН ЈОРДАН ЈОРДАН ЈОРДАН ЈОРДАН ЈОРДАН

ЈОРДАН –древназемјасопосебеншарм и неверојатнаисторија. Наовапатувањеќеоткриемевпечатливиримскилокалитети, средновековнитврдини и древниградови, ќејапочувствувамеживатаатмосферанаАман, контрастотсомиротнаМртвотоМоре и магијатанапустинскитепејзажинаВадиРум. Патувањеисполнетосоисторија, култура и незаборавнидоживувања.

ПЕТРА – еденоднајвпечатливитебисеринаЈордан и древенградкојоставатрагауштеодпрвиотчекор. Ќепоминеменизтесниот Сик, а преднасќесепојавипрочуениотАлКазнеа – Трезорот. Ќепродолжимениздревниотградпокрајфасадите, кралскитегробници и театарот и ќејадоживеемемагијатанаградотиздлабенворозевитекарпи.

ВАДИ РУМ – „Долината на Месечината“, место каде огромните карпести формации и црвените пустински пејзажи создаваат чувство како да сте во друг свет. Ќе се возиме со 4x4 џипови низ пустината, ќе ја почувствуваме нејзината тишина и ќе поминеме ноќ во камп среде неверојатните пустински предели.         

Програма

  1. Ден 1 1 ден (15.01): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН

    15.01.2027

    Патувањето започнува со вечерно полетување од Скопје кон Истанбул со лет PC354 во 17:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 21:00 часот и продолжување кон Аман со лет PC720 во 23:50 часот. Во Аман пристигнуваме во 02:25 часот на 16.01. По пасошката и царинската контрола, пречек од локалниот партнер и трансфер до хотелот. Влез во соба одма по пристигнување во хотел. Ноќевање.

  2. Ден 2 2 ден (16.01): АМАН – АЈЛУН–ЏЕРАШ – АМАН

    16.01.2027

    По Појадокот се упатуваме кон градот Ајлун, каде што се издигнува импресивниот средновековен замок Ал-Рабид изграден во XII век по наредба на еден од војсководците на Саладин. Сместен на рид со прекрасен поглед кон околните предели, замокот сведочи за времето на крстоносните походи и стратешкото значење на овој регион. Потоа продолжуваме кон Џераш – еден од најдобро зачуваните антички римски градови надвор од Италија. Прошетајте по улиците обложени со камени плочи, меѓу величествените колонади, храмови, плоштади и антички театри. Секој чекор низ овој археолошки бисер открива дел од раскошниот живот во времето на Римската Империја.Во вечерните часови се враќаме во Аман, каде што следуваат вечера и ноќевање.

  3. Ден 3 3 ДЕН (17.01): АМАН – МАДАБА – НЕБО – КЕРАК – ПЕТРА

    17.01.2027

    По Појадокот и одјавувањето од хотелот, го продолжуваме патувањето кон јужниот дел на Јордан, откривајќи места со исклучително историско и духовно значење. Првата станица е Мадаба, град познат како „градот на мозаиците“. Тука се наоѓа прочуената мозаична карта на Светата Земја од VI век, едно од најзначајните уметнички и историски сведоштва од византискиот период. Следува посетата на планината Небо, светото место од кое, според библиското предание, Мојсеј ја здогледал Ветената Земја. Од врвот се отвораат прекрасни панорамски погледи кон долината на реката Јордан и Мртвото Море. Продолжуваме кон Керак, каде што ќе го посетиме грандиозниот крстоносен замок – тврдина со масивни камени ѕидови, таинствени ходници, кули и подземни премини, кои раскажуваат приказни за средновековните битки и некогашната моќ на оваа тврдина. Во продолжение пристигнуваме во Петра, едно од најголемите археолошки богатства на светот. По сместувањето во хотелот и вечера, слободно време за одмор и уживање во атмосферата на ова историско место.

  4. Ден 4 4 ден (18.01): ПЕТРА – РАЗГЛЕД НА ПЕТРА – ВАДИ РУМ

    18.01.2027

    Појадок во хотелот. Денот е посветен на едно од најфасцинантните места на планетата – древниот град Петра, познат како „Розовиот град“. Издлабена во карпите со неверојатни нијанси на розова, црвена и златна боја, Петра претставува ремек-дело на набатејската цивилизација и едно од Новите седум светски чуда. Прошетката започнува низ тесниот кањон Сик, чии високи карпести ѕидови постепено го откриваат погледот кон најпознатата градба на Петра – величествената Ризница, Ал-Хазнех. Но, ова е само почетокот на незаборавната авантура. Античките гробници, монументалните фасади, храмовите и остатоците од некогашниот трговски центар откриваат една извонредна цивилизација, која со својата архитектура и инженерство го надминала своето време. По незаборавното доживување во Петра, продолжуваме кон пустината Вади Рум, позната по спектакуларните црвени песоци, грандиозните карпести формации и пејзажите што потсетуваат на друга планета. Вечерта ја поминуваме во автентична пустинска атмосфера, под бескрајното ѕвездено небо, со традиционална вечера и ноќевање во камп сместен во срцето на пустината – доживување што ќе остане во трајно сеќавање.

  5. Ден 5 5 ден (19.01): ВАДИ РУМ – 2-ЧАСОВНА ЏИП ТУРА – МРТВО МОРЕ

    19.01.2027

    Утрото го започнуваме со вистинска пустинска авантура! По појадокот нè очекува двочасовно сафари со теренски џипови низ Вади Рум – пустина со неверојатни пејзажи, бескрајни песочни пространства и величествени карпи обликувани од ветерот и времето. Ова е идеална можност да ја почувствувате суровата убавина на пустината и да направите фотографии што ќе ве потсетуваат на едно навистина посебно доживување. По одјавувањето од кампот, продолжуваме кон Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда во светот. Сместено на најниската копнена точка на Земјата, ова солено езеро е познато по исклучително високата концентрација на минерали и уникатното чувство на бестежинско лебдење на водната површина. Вечера и ноќевање.

  6. Ден 6 6 ден (20.01): МРТВО МОРЕ – СЛОБОДНО ВРЕМЕ – АМАН – АЕРОДРОМ

    20.01.2027

    Појадок во хотелот и слободно време за уживање на Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда во светот. Искористете ги последните часови за релаксација покрај водата, за уникатното искуство на лебдење во нејзините солени води или едноставно уживајте во прекрасните пејзажи што го опкружуваат ова природно богатство. Во попладневните часови се упатуваме кон Аман, престолнината на Кралството Јордан, град во кој илјадници години историја се испреплетуваат со ориенталниот дух и современиот начин на живот. Следува разглед на градот, при што ќе ги запознаеме богатата култура и наследството на Хашемитското Кралство. Ќе ја посетиме Цитаделата, сместена на еден од ридовите на стариот Аман, од каде што се простира прекрасен панорамски поглед кон градот. Потоа ќе го посетиме и Римскиот театар, величествен споменик од античкиот период, кој сведочи за богатата историја на јорданската престолнина. Ќе прошетаме низ стариот дел на градот, каде што сè уште се чувствува автентичната ориентална атмосфера, ќе ја запознаеме традиционалната архитектура и локалниот начин на живот, а потоа ќе го откриеме и модерното лице на Аман, со неговите современи квартови и динамичниот градски ритам. Нашето патување го заокружуваме со вечера во центарот на Аман, каде што ќе имаме можност да ја почувствуваме локалната атмосфера и гостопримството на Јордан. По вечерата следува трансфер до аеродромот во Аман за летот кон Истанбул во раните утрински часови, носејќи со себе незаборавни спомени од патувањето низ историјата, културата и природните убавини на Јордан. Вечера и трансфер до аеродромот.

  7. Ден 7 7 ден (21.01): АМАН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

    21.01.2027

    Полетување од Аман со летот PC721 во 03:45 часот и пристигнување во Истанбул во 06:15 часот. Продолжување со летот PC351 за Скопје во 10:30 часот. Пристигнување во Скопје во 09:55 часот и крај на нашето незаборавно патување низ Јордан, исполнето со историја, пустински пејзажи, древни знаменитости и уникатни доживувања.

Цени


ЈОРДАН – Јануари 2027

ХОТЕЛИ СО 4* | АВИОН ОД СКОПЈЕ

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

15.01.2027 – 21.01.2027

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

15.01 – 21.01.2027

УСЛУГИ

4 HB + 1 BB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

5Н / 7Д

Цена по лице во двокреветна

1495 € / 92.690 мкд

Цена по лице за резервации до 03.11.2026

1355 € / 84.010 мкд

Попуст за дете од 3 -11,99 години

-170 € / 10.540 мкд

Попуст за трето возрасно лице

На барање

Доплата за еднокреветна соба

230 € / 14.260 мкд

Услови

  • ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: 
  • •     Авио превоз Скопје – Истанбул – Аман – Истанбул – Скопје, со вклучен чекиран багаж
  • •     Придружник на групата за време на престојот, локални водичи, организација на аранжманот.
  • •      Пречек и асистенција на аеродром при пристигнување и заминување, низ сите формалности.
  • •      Модерен климатизиран приватен автобус за сите трансфери, со бесплатен Wi-Fi.
  • •      Професионален локален водич  за целото патување.
  • •      Сместување во хотели 4* или слични: Amman Sulaf Hotel 2Н + Petra Moon 1Н + Wadi Rum Oasis Camp (Deluxe Tent) 1Н + Dead Sea Spa Hotel 1Н. Или слични хотели
  • •      Сместување на база полупансион: 5 појадоци + 4 вечери;.
  • •      2 мали шишиња вода за секој патник дневно во автобусот.
  • •      1 проштална вечера на последниот ден, согласно програмата.
  • •      Сместување во двокреветна / twin / трокреветна соба.
  • •      Влезници за сите локалитети наведени во програмата.
  • •      2-часовна 4x4 Jeep тура во Вади Рум (без бакшиш за бедуинскиот возач).
  • •      Влезна виза за Јордан – бесплатно; потребни се целосни податоци од пасош.
  •  
  • ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • •       Сите видови бакшиши.
  • •       Сè што не е наведено во делот „Цената вклучува“ и сите дополнителни лични трошоци.
  • •       Бакшиши за локалните возачи, водичи, портири итн. во висина од 45 еур по лице.
  •  
  • Важни Забелешки:
  • ·       Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.
  • ·       За реализација на аранжманот, потребен е минималенброј од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • ·       За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
  • ·       Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродрпмски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • ·       Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни или вонредни причини.
  • ·       За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.
  • ·       Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
  • ·       Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  •  
  • За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ.