Мадрид и Барселона 20.11.2026
20.11.2026
250 метри од плажа
Фурка
Хотел-Акрополис 3* се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.
| Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики 2027 | |||||||
| Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2026 -15% до 31/12/2026 -10% 28/02/2027 | |||||||
| За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%, | |||||||
| а остатокот најдоцна 14 дена пред термин. | |||||||
| Најбараната апартманска понуда за фамилии на мирната страна на Халкидики. | |||||||
| Апартхотел Акрополис 3* Фурка | 1/2 студио | 1/3 студио | 1/4 студио | 1/4 апартман | Напомена | ||
| Термин/Услуга | наем | наем | наем | наем | |||
| 22.05-29.05.2027 | 229 | 249 | 269 | 289 | |||
| 29.05-05.06.2027 | 269 | 289 | 309 | 329 | |||
| 05.06-12.06.2027 | 299 | 319 | 349 | 369 | |||
| 12.06-19.06.2027 | 329 | 349 | 369 | 389 | задолжителен појадок | ||
| 19.06.-26.06.2027 | 369 | 399 | 429 | 419 | задолжителен појадок | ||
| 26.06.-03.07.2027 | 429 | 469 | 499 | 529 | задолжителен појадок | ||
| 03.07.-10.07.2027 | 489 | 499 | 529 | 559 | задолжителен појадок | ||
| 10.07.-17.07.2027 | 569 | 589 | 649 | 669 | задолжителен појадок | ||
| 17.07.-24.07.2027 | 649 | 679 | 699 | 749 | задолжителен појадок | ||
| 24.07.-31.07.2027 | 649 | 679 | 699 | 749 | задолжителен појадок | ||
| 31.07-07.08.2027 | 649 | 679 | 699 | 749 | задолжителен појадок | ||
| 07.08-14.08.2027 | 649 | 679 | 699 | 749 | задолжителен појадок | ||
| 14.08.-21.08.2027 | 649 | 679 | 699 | 749 | задолжителен појадок | ||
| 21.08-28.08.2027 | 629 | 659 | 679 | 729 | задолжителен појадок | ||
| 28.08-04.09.2027 | 549 | 579 | 599 | 629 | |||
| 04.09-11.09.2027 | 429 | 449 | 469 | 499 | |||
| 11.09-18.09.2027 | 339 | 359 | 379 | 399 | |||
| 18.09-25.09.2027 | 229 | 249 | 269 | 289 | |||
Фурка
| Цените се дадени за наем на СТУДИО/АПП за 7 ноќи во Еур и задолжителна доплата за појадок. | |||||||
| Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, | |||||||
| балкун, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки и крлешки. | |||||||
| Некои апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка. | |||||||
| Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен. | |||||||
| Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок | |||||||
| од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга. | |||||||
| ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА за појадок по цена од 10Еур по лице/ден во Јуни, Јули и Август. | |||||||
| Деца 0-06 год. ГРАТИС. | |||||||
| Термините во Јуни и Септември не подлежат на задолжителна уплата за појадок. | |||||||
| Можност за доплата за вечера 10 еур/лице/ден по избор. Информации и резервации во агенција. | |||||||
| Попуст за два последователни термини 7%. Попустите не може да се комбинирааат. | |||||||
| На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување и на свои лежалки по желба. | |||||||
| Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци. | |||||||
| Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена. | |||||||
| За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%, | |||||||
| а остатокот најдоцна 14 дена пред термин. | |||||||
| Важат Општите услови за патување на НАТА и ТА СУПЕР ТРАВЕЛ |