КРАЈОВА – Божиќен Маркет
Со посета на Видин и Ниш -Сопствена Програма
30.12.2026
Поаѓање во 22.00 часот од Прилеп со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи.
31.12.2026
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) или Котор,за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта дочек на најлудата ноќ-Новата 2027 г. на плоштад во Херцег Нови, каде најавен е настап на Балканските популарни музички sвезди Саша Матиќ и Џенан Лончаревиќ…… Ноќевање.
01.01.2027
Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах…Враќање во Херцег Нови.… Вечерта реприза на Новогодишната ноќ, на плоштадот во Х.Нови, каде најавен е настап на познатата музичка звезда Наташа Беквавац.Ноќевање.
02.01.2027
Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
03.01.2027
Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
Во цената не е вклучено:
– влезници за културно историските споменици
Напомена: За факултативата, потребен е минимум од 50%од патниците Рок на пријавување до 21.12.2026 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.