Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
31.12.2026
Поаѓање за Белград во 01.00 ч од пред агенција Бран. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Слободно време за прошетка и предновогодишно уживање по пешачката улица Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Вечерта околу 22.00 часот организирано поаѓање на плоштад за дочек на Новата 2027 г. со богата музичка програма со познатите звезди….Враќањето вхотел е со јавен градски превоз.(Вечерта има и бесплатен градски превоз низ Белград.). Ноќевање.
01.01.2027
Појадок. Факултативен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Слободна вечер или факултативна свечена вечера со музика во ресторан. Ноќевање.
02.01.2027
Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето околу 15.00 часот ,поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Во цената не се вклучени следните услуги:
Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.
За факултативите потребни се 50% од патниците.
Краен рок за пријавување до 22.12.2026 (ако има места).
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.