КРАЈОВА – Божиќен Маркет
Со посета на Видин и Ниш -Сопствена Програма
АТИНА НОВА ГОДИНА 2027
Атина – градот каде што историјата и модерниот живот дишат заедно. Под блескавото сонце на Медитеранот, Атина ги пречекува своите гости со величествена комбинација на древно и современо. Градот на боговите и митологијата, каде секој камен раскажува приказна стара илјадници години од импресивниот Акропол и храмот на Атина Богорадна, до шарените улици на Плака исполнети со ароми на сувлаки и звуци од бузуки. Во Атина времето застанува само за да уживаш во залезот на сонцето над Партенон, со кафе на тераса со поглед кон Акропол или во вечерната магија на Монастираки и Плака. Градот е жива уметничка сцена, со енергија што се чувствува на секој чекор. Атина не е само дестинација – тоа е доживување кое останува засекогаш во срцето.
30.12.2026
Поаѓање во 21.30 часот преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.
31.12.2026
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2027 на плоштад каде секоја година има богата музичка програма, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни и игри.Ноќевање.
01.01.2027
Појадок.Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот-со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада-најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. Факултативна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.
02.01.2027
Појадок. Факултативен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал-атракција која го одзема здивот, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина, па се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови на 03.01.2026
Во цената е вклученo:
Во цената не е вклученo:
Напомена : За факултативите , потребно е 50% од патниците
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ.