Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Со можност за посета на Amazonia Aquapark
| Содржина | Цена | Напомена |
|---|---|---|
| Целодневен излет до Арад и Орадеа | 60 евра | Минимум 30 патници. Според програмата, промо цената важи со задолжителна доплата за Арад и Орадеа. |
| Amazonia Aquapark | 40 евра | Превоз и билет за 4 часа престој, четвртиот ден од патувањето. |
| Трансфер од Гевгелија, Битола и Прилеп | 10 евра | Цената е за еден правец по лице, по договор со агенцијата. |
Пасошот мора да важи најмалку 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот.
Плаќањето се врши во денари, по курс од 62 денари за 1 евро. При пријавувањето се уплаќа аванс од 30 проценти од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред патувањето, доколку програмата не наведува поинаку.
22.10.2026
Поаѓаме во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово. Патуваме преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
23.10.2026
Пристигнуваме во Темишвар и тргнуваме на организиран разглед со локален водич. Го посетуваме Плоштадот на победата со Операта и Националниот театар, Соборната романска црква и Споменикот на волчицата, подарок од градот Рим. Продолжуваме по Плоштадот Слобода со Старата градска куќа од 1734 година, па низ Плоштадот на обединувањето, каде се римокатоличката катедрала, Барокната палата и Српската православна соборна црква со вреден иконостас. По разгледот и слободните активности се упатуваме кон хотелот и се сместуваме.
24.10.2026
По појадокот можете да се одлучите за факултативниот целодневен излет до Арад и Орадеа или да го поминете времето слободно во Темишвар. Во Арад, град богат со архитектонско наследство, со локален водич ги разгледуваме градското собрание, Палатата на културата, државниот театар и широкиот булевар со дрвја. Потоа продолжуваме за Орадеа, каде со водич ги разгледуваме централните цркви, Палатата на црниот орел, градското собрание со кула од 50 метри и главната пешачка улица. Следува слободно време. Вечерта се враќаме во Темишвар на ноќевање.
25.10.2026
По појадокот се одјавуваме од хотелот. Можете да одите во трговски центар или да изберете факултативна посета на Amazonia Aquapark, комплекс со седум тобогани високи 25 метри, зона за прскање и базен за релаксација. Во пладневните часови заминуваме за Македонија.
26.10.2026
Во раните утрински часови, по ноќното возење, пристигнуваме во Македонија. Ви благодариме што патувавте со нас.