Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Прв ден
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Ларнака, организиран трансфер до хотелот и сместување.
Втор - седми ден
Овие денови се предвидени за уживање на островот, за плажа, за прошетки, и секако, препорачуваме да посетите некој од факултативните излети до Никозија, Аја Напа, и секако, крстарење.
Осми ден
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје
– Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
– Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
– Хотел 3*
– Хотел 3*
Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена
Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци
Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква.
Препорачуваме крстарење околу островот, со кој посетувате неколку плажи…