Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
70 мeтри од ПЛАЖА
На само 220 км. оддалеченост Ставрос е живописно крајбрежно место во северна Грција, сместено на источниот брег на Стримонскиот залив. Името Ставрос потекнува од грчкиот збор Σταυρός што значи Крст, тоа е симбол со длабоко духовно и историско значење, кој упатува на силната православна традиција на ова подрачје. Ставрос е опкружено со природна убавина и е во близина на планината Холомондас која нуди зелени пејзажи, чист воздух и многу пријатна клима. Морето овде е мирно, плитко и исклучително чисто. Токму оваа комбинација од планина и море го прави Ставрос особено привлечен за семејства, но и за сите што бараат спокоен одмор. Овде има долги песочни уредени плажи, а некои од нив се носители на сино знаменце што гарантира квалитет на водата и висок еколошки стандард. Шеталиштето е исполнето со кафулиња, традиционални грчки таверни и мали продавници со локални производи.
Вилата “ЛИТСАКИС – СТУДИО“ е убаво опремена вила и се наоѓа на 70 метри од плажа. Секое студио има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, купатило и вц, спална соба, тераса, тв, клима уред и ви-фи конекција.
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (15.05; 22.05; 29.05; 05.06; 04.09; 11.09 и )
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
-За пакет аранжманот во СТУДИО потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со звездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
СТУДИЈАТА:
ИМААТ КРПИ ;
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
| ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:15 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |