Прескокни до содржината

Вила Елени - Ипсос 2026

Фотографии

Вила Елени - Ипсос 2026 Вила Елени - Ипсос 2026 Вила Елени - Ипсос 2026

Villa Eleni

Вилата Елени се наоѓа во градот Ипсос, на 250 метри оддалеченост од плажата.

Вилата располага со двокреветни студија и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.

Цените по лице почнуваат од: 99 €

Факултативни излети:

  • Посета на плажата Глифада – 20 € по лице
  • Посета на Сидари со Каналот на љубовта и 7th Heaven – 25 € по лице
  • Посета на Палеокастрица и Akron Beach Bar – 45 € по лице
  • Крстарење со брод по североисточниот брег на островот – 45 € по лице

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 120 € по лице

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:

  • Деца до 2 години – без доплата
  • Деца од 3 до 8 години – 50% попуст
  • Деца од 9 до 12 години – 30% попуст

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена односно 9 ноќевања/10 дена.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е еден ден порано).

– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.

– За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Сместување во собите е после 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на Супер Травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.



Програма

00 ДЕН СКОПЈЕ – КРФ

Состанок на групата пред Хотел Континентал во договореното време еден ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. Сместување во вилата започнува од 14:00 часот

01-07/09 ДЕН КРФ

Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.

08/10 ДЕН КРФ – СКОПЈЕ

За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Вклучено

  • Автобуски превоз Скопје - Крф – Скопје
  • 7/8/9 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • Траект Игуменица - Крф – Игуменица (30 € по лице повратна карта)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса (1 € од соба од ден)
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците