Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
3 ноќевања во хотел со појадок
Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
Лиценциран придружник
Патничко осигурување
Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Багаж над 10 КГ – информации во агенција
Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место (задолжителен излет)
ПРВ ДЕН
Собир на Скопскиот аеродром во 15:00ч. Полетуваме за Венеција во 17: 00ч. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локален водич. Ноќевање.
ВТОР ДЕН
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 13:10. Летот за Скопје е во 15:30.