Прескокни до содржината

Супер Травел

Политика за приватност

Кој ги обработува вашите податоци

Контролор на личните податоци е Туристичка агенција Супер Травел ДООЕЛ Кавадарци, бул. „Македонија“ бб, Кавадарци. За прашања во врска со приватноста пишете ни на info@supertravel.com.mk.

Кои податоци ги собираме

Преку формуларот за барање понуда ги собираме името, телефонскиот број, адресата за е-пошта и пораката што ќе ја испратите. Други лични податоци не бараме.

Зошто и колку долго ги чуваме

Податоците ги користиме само за да одговориме на вашето барање и да ви подготвиме понуда или договор за патување. Ги чуваме колку што е потребно за таа цел и според законските рокови за чување на документација.

Вашите права

Можете да побарате увид, исправка, бришење или ограничување на обработката на вашите податоци, како и да поднесете приговор. Барањето испратете го на горната адреса за е-пошта. Имате право да се обратите и до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Колачиња

Како ги користиме колачињата, прочитајте во политиката за колачиња.