Сместена во мирен и пријатен дел на Јерисос, на само 80 метри од прекрасната градска плажа, вилата Armenos Elegance Apartments е идеален избор за семејства и групи пријатели кои сакаат квалитетен, удобен и безгрижен летен одмор на Халкидики.Вилата располага со пространи и модерно уредени апартмани, внимателно осмислени за да им овозможат на гостите максимална удобност, приватност и пријатен престој.Сите апартмани се уредени со нов, современ мебел и располагаат со сè што е потребно за пријатен и релаксирачки одмор.
Опременост на апартманите: Комплетно опремена кујна со апарати за готвење, Клима-уред, вклучен во цената, Бесплатен Wi-Fi интернет, Сопствена бања со средства за лична хигиена, Пешкири и фен за коса, Тераса, Паркинг на само 20 метри од вилата.
1/4 мезонет - број 2 - се наоѓа на втор спрат со страничен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура која се пушта, трпезарија, кујна, тоалет и балкон. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.
1/5 мезонет апартман - број 1 - се наоѓа на втор спрат со директен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура која се пушта, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 5 возрасни лица и едно дете до 12г.
1/6 апартман - број 3 - се наоѓа на прв спат. Дневен престој со кујна и трпезарија во која се наоѓа софа на спуштање за 2 возрасни лица и 2 кревети на спрат. Апартманот располага со уште една посебна просторија со брачен кревет. Во овој апартман може да се сместат максимум 6 лица.
Најубавите плажи во околината на Јерисос:
Voulitsa Beach – скриен бисер во тиркизен залив,
Komitsa Beach – природна убавина и бескрајна сина широчина и е меѓу плажите наградени со престижното признание „Сино знаме“ за 2026 година,
Xiropotamos Beach – мир и релаксација со поглед кон Амолијани
Kakoudia Beach – егзотична убавина на Халкидики
Места кои вреди да се посетат:
Ouranoupolis – портата кон Света Гора
Nea Roda – медитерански шарм и прекрасни плажи
Ammouliani – мал остров со голема убавина