Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата.
Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица,
комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено
приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за
кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање има големи пешкири за туширање. Одличен избор за
семејства. 2024 Година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и
гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се
доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:
Располага со 11 апартмани поделени во две згради.
Во зграда број 1 се наоѓаат:
Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, шминкерница. Оваа соба гледа према двор.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот.
Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на приземје, одма до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручање, плотна со две грејни тела, електрично ѓезве за кафе,тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8.
Kликни ОВДЕ за видео од апартманот
Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) - се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и климата. Собата гледа према двор.
Kликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)- се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен каде има тв и клима. Оваа соба гледа према паркингот.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) - се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, шминкерница, тв и клима. Оваа соба има поглед према паркинг и има посебен влез позади.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Во зграда број 2 се наоѓаат:
Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, шминкерница и овде е климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, овде има телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручање со тераса со мал поглед на море.
Kликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на први кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Има две тераси, една со поглед кон градина и еден со поглед кон двор.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Десно има соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорачуваме двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот
Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) – е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет и единечен кревет и посебна кујна каде што има софа на пуштање и единечен кревет. Препорачуваме двајца возрасни и две деца.
Кликни ОВДЕ за видео од апартманот