Прескокни до содржината

Вила Пасхалиа 1

100 метри од плажа

Фотографии

Вила Пасхалиа 1 Вила Пасхалиа 1

Геракини е една од најстарите туристички дестинации на Халкидики и се наоѓа на самиот почеток на Ситонија. Тоа е место кое им го препорачуваме на оние кои сакаат тивок одмор или база за посета на Ситонија. Местото е туристички развиено и тука можете да најдете некои од поголемите и полуксузни хотели на Халкидики, но и помали апартмани и куќи. Иако е мало место не мора да се грижите за снабдување со намирници, бидејќи има неколку помали маркети, а во рамките на мини трговскиот центар има таверна, ресторан за брза храна, неколку бутици, мини-пазар, одлична слаткарница. Местото е тесно и долго, околу 3 километри, и покрај морето има шеталиште кое не е преполно, за да можете да уживате во мирни вечерни прошетки со вашето семејство. Локацијата помеѓу двата прста го штити од ветер и е идеална за семејства со помали деца.

Вила Пасхалиа1 е идеален избор доколку барате сместување во центарот на Геракини и на 100м од песочната плажа. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија, сите сместени на првиот кат. Опремени се со клима (вклучена во цената) мини кујна, опремена според бројот на кревети, тераса опремена со маса, столици и тенда, комарници, WI-FI.


Цени

ТЕРМИН ОД:1/2 I Кат1/3 I Кат1/4 I Кат
29.05189249259
05.06279319339
12.06359399439
20.06409459489
26.06429499529
03.07469549579
10.07499579609
17.07539629669
24.07539629669
31.07539629669
07.08539629669
14.08539629669
21.08509559599
28.08429459509
04.09369399419
11.09279289319

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години, со претходна најава и дозвола од сопственикот. За истото, се доплака 10 еур на ден. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во вилата ;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Промена на постелнината е на 7 дена.

* Клиентите превземаат чист апартаман, и во текот на

престојот сами се грижат за чистотата.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)


Локација

Геракини

Сместување

Услови

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (eден правец)

* 45 € деца од 2 - 12 години(повратен билет), 40 € деца од 2 - 12 години(еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)


ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

* 10% на сите термини, до 25.12.2026

* Уплата при резервација на 50% од износот на аранжманот;

* Доплата до 25.02.2027;

* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;