Прескокни до содржината

Вила „Mersimis“

150 метри од плажа

Фотографии

Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“ Вила „Mersimis“

Вила МЕРСИМИС – Неос Мармарас

 

Неос Мармарас е едно од најпознатите и најпосетувани туристички места на Ситонија, вториот крак на Халкидики, препознатливо по прекрасните плажи, кристално чистото море, живописното пристаниште и богатата туристичка понуда.Сместен на западниот брег на Ситонија, Неос Мармарас се простира амфитеатрално на живописните ридови покрај морето, нудејќи прекрасни панорамски погледи кон Торонеоскиот Залив.Центарот е исполнет со живописни улици, традиционални грчки таверни, модерни ресторани, кафулиња, слаткарници, продавници и бутици. Посебна привлечност на местото му дава прекрасното пристаниште, опкружено со бројни угостителски објекти, каде што посетителите можат да уживаат во вкусната грчка кујна и прекрасниот поглед кон морето.Во вечерните часови, Неос Мармарас добива посебен шарм. Осветлените улички, прошетките покрај пристаништето, пријатната атмосфера и бројните места за забава го прават одличен избор за семејства со деца, парови, млади и туристи што сакаат динамичен и исполнет летен одмор.Благодарение на својата одлична местоположба, Неос Мармарас претставува и идеална почетна точка за истражување на прекрасните плажи, скриените заливи и традиционалните места на Ситонија.

Вила Мерсимис се наоѓа во мирен и живописен дел на Ситонија, во близина на познатиот камп Castello, на околу 2–3 километри пред влезот во Неос Мармарас. Сместена во прекрасно медитеранско опкружување, на само 150 метри од плажата и околу 2 километри од познатата Lagomandra Beach, вилата претставува одличен избор за сите што сакаат спокоен и релаксиран летен одмор во близина на морето.Благодарение на својата местоположба, Вила Мерсимис овозможува уживање во природните убавини на Ситонија, далеку од градската гужва, а истовремено на кратко растојание од живописниот Неос Мармарас, неговото пристаниште, рестораните, традиционалните таверни, кафулињата и останатите туристички содржини.Вилата располага со вкупно 6 комфорни апартмани, распоредени на приземје, прв и втор кат. Сите апартмани се функционално организирани, со две одделни простории, и располагаат со пространи тераси со поглед кон дворот на вилата или кон улицата.Апартманите се погодни за семејства со деца, парови и помали групи пријатели, кои сакаат комфорно сместување во близина на прекрасните плажи на Ситонија.Секој апартман е опремен со:

 Комплетно опремена кујна

 Сопствена бања

 Пространа тераса

 Маса и столчиња на терасата

 Клима-уред

 Брачен кревет

 Кауч на расклопување

 Дополнителен помошен кревет во апартманите 1/4+1

 

Распоред на апартманите:

 

Приземје

Апартман бр. 1 – 1/3+1-Апартман со две одделни простории. Во спалната соба се

наоѓа еден брачен кревет, со директен излез на пространа тераса со поглед кон дворот

на вилата.Во втората просторија се наоѓа кауч на расклопување, погоден за едно

возрасно лице или две деца на возраст до 6 години, како и комплетно опремена кујна.

Апартман бр. 2 – 1/4+1-Апартман со две одделни простории. Во првата просторија се

наоѓаат комплетно опремена кујна, кауч на расклопување погоден за едно возрасно

лице или две деца до 6 години, како и дополнителен помошен кревет за едно лице.Во

втората просторија се наоѓа еден брачен кревет, со пристап до тераса.

 

Прв кат

Апартман бр. 3 – 1/3+1-Апартман со две одделни простории. Во спалната соба се

наоѓа еден брачен кревет, со директен излез на пространа тераса со поглед кон дворот

на вилата..Во втората просторија се наоѓа кауч на расклопување, погоден за едно

возрасно лице или две деца на возраст до 6 години, како и комплетно опремена кујна.

Апартман бр. 4 – 1/4+1-Апартман со две одделни простории. Во првата просторија се

наоѓаат комплетно опремена кујна, кауч на расклопување погоден за едно возрасно

лице или две деца до 6 години, како и дополнителен помошен кревет за едно лице.Во

втората просторија се наоѓа еден брачен кревет, со пристап до тераса.

 

Втор кат

Апартман бр. 5 – 1/3+1-Апартман со две одделни простории. Во спалната соба се

наоѓа еден брачен кревет, со директен излез на пространа тераса со поглед кон дворот

на вилата.Во втората просторија се наоѓа кауч на расклопување, погоден за едно

возрасно лице или две деца на возраст до 6 години, како и комплетно опремена кујна.

Апартман бр. 6 – 1/4+1-Апартман со две одделни простории. Во првата просторија се

наоѓаат комплетно опремена кујна, кауч на расклопување погоден за едно возрасно

лице или две деца до 6 години, како и дополнителен помошен кревет за едно лице.Во

втората просторија се наоѓа еден брачен кревет, со пристап до тераса.

Цени

BLACK FIRDAY 20% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

 

 

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз

Задолжително плаќаат две лица

ЦЕНОВНИК БР.2

ВОНСЕЗОНСКИ

ТЕРМИН

НАЕМ

1/3+1 апп

1/4+ 1 апп

23.05

7 ноќи

*109 €

*139 €

30.05

7 ноќи

*129 €

*159 €

06.06

7 ноќи

*149 €

*179 €

13.06

7 ноќи

*189 €

*209 €

20.06

7 ноќи

*239 €

*269 €

СЕЗОНСКИ

27.06

7 ноќи

660 €

710 €

04.07

7 ноќи

740 €

790 €

11.07

7 ноќи

820 €

860 €

18.07

7 ноќи

840 €

890 €

25.07

7 ноќи

840 €

890 €

01.08

7 ноќи

840 €

890 €

08.08

7 ноќи

840 €

890 €

15.08

7 ноќи

820 €

860 €

22.08

7 ноќи

740 €

790 €

ВОНСЕЗОНСКИ

29.08

7 ноќи

*239 €

*269 €

05.09

7 ноќи

*169 €

*199 €

12.09

7 ноќи

*149 €

*179 €

19.09

7 ноќи

*129 €

*159 €

Локација

Неос Мармарас

Сместување

Четирикреветен апартман на приземје. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Проверете достапност

Четирикреветен апартман на приземје. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

Проверете достапност

Четирикреветен апартман на прв спрат. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Проверете достапност

Четирикреветен апартман на прв спрат. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

Проверете достапност

Четирикреветен апартман на втор спрат. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Проверете достапност

Четирикреветен апартман на втор спрат. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

Проверете достапност

Услови

Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице)  за термините 30.05. – 20.06. и  29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку  престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат. 

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

Сезонски термини -  наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

 Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано.

Скопје,  улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во  04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во  05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во  06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

  

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и  наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
  • Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
  • Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

 

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

  • При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
  • Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
  • На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
  • Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
  • Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
  • Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:

За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

-          До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

-          На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

  •   

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

  • Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
  • Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
  • Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

 

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

  • Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
  • Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

  • Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
  • Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

 

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

  • Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
  • За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
  • Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
  • Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

 

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

  • Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
  • Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.