НАПОМЕНИ:
* Цените
се однесуваат за наем на студио за 7
ноќевања;
* Во
собите е дозволено сместување на лица
согласно со бројот на легла. Единствено,
над бројот на кревети е дозволено
сместување на едно дете до 5,99 години.
(не користи легло);
* Туристичка
такса се плаќа во агенција;
* Сместувањето
во собите е после 14:00 часот локално
време, а напуштањето на собите е до 10:00
часот локално време;
* Интернетот
во вилата е во функција после 01 Јуни
* Агенцијата
не превзема одговорност за квалитетот
на интернет конекцијата во
апартманите/студијата;
* Плаќањето
се врши во денарска противредност каде
1 евро = 62,00 денари
* Промена на име на патник,
термин или сместувачки капацитет без
оправдана причина се смета како
манипулативен и административен трошок
и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
ПОПУСТИ:
* За
уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања
одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните
попусти не се комбинираат, односно не
се одобрува попуст на веќе одобрен
попуст по друга основа;
* Попустите
за рана резервација не се комбинираат
со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација
се подразбира исклучиво уплата на 30%
аконтација во моментот на потпишување
на Договор за патување, и целосна уплата
најдоцна 15 дена пред започнување на
аранжманот;
УСЛОВИ
ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* 10% на сите
термини, до
25.12.2026
* Уплата при резервација на 50%
од износот на аранжманот;
*
Доплата до 25.02.2027;
* Сите
резервации направени или платени по
предвидените датуми за рано букирање
ќе бидат наплатени по редовни или
ревидирани услови и цени актуeлни во
периодот на доплата;
ПРЕВОЗ:
*
Превозот со автобус се извршува до
туристичката дестинација, на најблиското
место каде што може да застане автобусот;
*
Патниците самостојно го пренесуваат
својот багаж од местото на запирање до
објектот;
* Агенцијата,
распоредот на седење во автобусот го
прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога
патникот уплаќа превоз, тоа значи дека
има обезбедено седиште во превозното
средство, а доколку сака да резервира
одредено седиште, тоа може да го направи
со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред
на седишта е резервиран за персоналот;