Полихроно е едно од најпопуларните туристички места на Касандра, првиот крак на Халкидики, препознатливо по долгата песочно-камчеста плажа, кристално чистото море, прекрасната медитеранска атмосфера и одличните услови за летен одмор.Местото располага со пространа плажа која се протега долж крајбрежјето, со уредени делови со лежалки и чадори, како и со слободни површини за посетителите. Благодарение на пријатната атмосфера, Полихроно е особено популарно меѓу семејствата со деца, паровите и туристите што бараат комбинација од одмор, релаксација и летни активности. Во вечерните часови, Полихроно добива посебен шарм.Пријатните прошетки покрај крајбрежјето, опуштената атмосфера и разновидната туристичка понуда го прават одличен избор за незаборавен летен одмор.
Вила Фулис се наоѓа во мирен дел, на самиот влез во Полихроно, на само 30 метри од плажата. Благодарение на одличната местоположба и непосредната близина до морето, вилата претставува прекрасен избор за туристите што сакаат пријатен и релаксиран одмор.Вилата располага со вкупно 8 комфорни четирикреветни апартмани, распоредени на ниско приземје, прв и втор кат. Апартманите се функционално организирани, со две одделни простории, што ги прави особено погодни за семејства со деца, парови и помали групи пријатели.Секој апартман располага со балкон со страничен поглед кон морето, овозможувајќи им на гостите дополнително уживање во пријатната летна атмосфера.
BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.