BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027
Неа Флогита е особено препознатлива по своето долго и широко шеталиште кое навечер претствува главно место за дружење, исполнето со популарни кафулиња, таверни со свежи морски плодови, слаткарници и продавници. Долж целото шеталиште се протега преубава широка песочна плажа со кристално чисто море и палми, создавајќи вистинска медитеранска атмосфера. Местото е непрекинато споено со соседниот брег на Неа Плагиа, па ви нуди уште поголем избор за прошетки и летни активности.
Плажа: Исклучително широка и чиста песочна плажа, уредена со лежалки, чадори, содржини за спортови на вода и спасувачка служба. Влезот во водата е благ, што ја прави безбедна и омилена за семејства со деца, но и за сите кои уживаат во долги пливачки рекреации.
Содржини: Местото е одлично организирано и располага со добро снабдени маркети, пекари, аптеки, месарници и сè што ви е потребно за безгрижен и удобен престој.
Благодарение на својата идеална положба на самиот почеток на Халкидики, Неа Флогита е совршена почетна точка за кратки патувања:
Неа Плагиа (~1 км): Соседно место до кое за неколку минути можете да стигнете со пријатна прошетка покрај самата плажа или шеталиште, идеално за промена на амбиентот и дополнителни кафулиња.
Неа Мудања (~6 км): На само кратко возење се наоѓа најголемиот град во околината, кој нуди поголеми трговски содржини, кафичи,таверни и рибни ресторани.
Пештерата Петралона (~20 км): Фасцинантна историска и природна атракција со импресивни пештерски украси, совршена за еден интересен претпладневен излет.
Солун (~45 км): На помалку од еден час возење ве чека вториот по големина грчки град, идеален за урбан шопинг, богата гастрономија и прошетка покрај познатиот Бела Кула.
Вила „Ева 2“ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 30 метри од плажата.
Вилата располага со приземје и три ката. Апартманите се на трети кат.
Вилата ЕВА 2 располага со :
- Апартмани за 4 и 5 лица и двата се на третиот кат,
Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици.
Вилата НЕ располага со пешкири.
Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА и истата изнесува 2 евра на ден по апартман .