Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.
ВИЛА АСТЕРИА – ЕДИПСОС
Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО 50% УПЛАТА ДО 31.12 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01.03.2027