ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања/ 8 дена со вклучен превоз
- WIFI интернет
- Клима уред
- Паркинг (ограничени места)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз за трето и 4то лице ( 60е за возрасни, деца од 2 - 12 год 40евра, деца до 2 год. бесплатно). Цените се за повратен билет.
- Туристичка такса 0,5 центи од ноќ по соба - се плаќа во агенција.
- Пешкири
- Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минмум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот
- За ова патување важат Општите услови за патување
на Т.А Супер Травел