BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027
Доколку за вашето летен одмор барате комбинација од автентичен грчки шарм, чисто море и вистински мир, Паралија Дионисиу (позната и како Дионисос) е совршениот избор за вас. Сместено на самиот почеток на полуостровот Касандра (Халкидики), ова мирно приморско место нуди сѐ што ви е потребно за релаксирачки семеен одмор.
Местото се одликува со долга песочна плажа со кристално чисто сино море, убаво уредено шеталиште кое е идеално за вечерни прошетки, како и традиционални таверни, кафулиња и продавници на само чекор од плажата. За разлика од преполнити туристички центри, Паралија Дионисиу нуди опуштена атмосфера, гостопримливи домаќини.
Плажа: Широка песочна плажа со благ пристап до водата, што ја прави особено безбедна и омилена за семејства со мали деца. Поголемиот дел од плажата е уреден со лежалки и чадори кои се добиваат со нарачано пијалак, но има и доволно слободен простор за сопствена опрема.
Содржини: Во местото има добро снабдени супермаркети, пекари, месарници, аптеки, таверни и сè што е потребно за безгрижен секојдневен престој.
- Неа Мудања (~3 км): На само неколку минути возење или пријатна прошетка се наоѓа ова живописно гратче кое нуди поголеми маркети, банки, луксузни продавници, долг трговски дел, како и прекрасно пристаниште со голем избор на рибни таверни. Во текот на летото, тука се одржуваат и културни настани во локалниот амфитеатар.
- Пештерата Петралона (~15-19 км): Една од најзначајните археолошки и природни амулиети во Северна Грција. Позната е по фасцинтните пештерски формации (сталактити и сталагмити) и остатоците од праисториски човек стар стотици илјади години.
Вилата “Акватика” се наоѓа на одлична локација на само 150 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со двор и заедничка летна кујна која е на користење на сите гости, и која треба да се остави чиста после нејзиното користење.
Вилата располага со :
- Студиа за 2 и 4 лица,
- Апартмани за 4 лица,
- Дуплекси за 5 и 6 лица,
- Триплекси за 7 и 8 лица.
Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици.
Вилата НЕ располага со пешкири.
Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по студио и апартман и 4 евра на ден за дуплекс и триплекс.