Прескокни до содржината

Венеција

Фотографии

Венеција Венеција Венеција Венеција Венеција
Започнете ја новата 2027 година со уметност и стил! Венеција, Падова и Фиренца – три бисери на Италија во едно незаборавно празнично патување. Историја, романтика, празнични светла и италијански вкусови за посебен новогодишен дочек! 

Програма

  1. Ден 1 1.Ден 30.12.2026 (среда) СКОПЈЕ – ПАДОВА

    30.12.2026

    Состанок на групата на паркингот кај спорската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

  2. Ден 2 2.Ден 31.12.2026 (четврток) ПАДОВА

    31.12.2026

    Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle, Piazza della Erbe, Piazza della Frutta… Во слободно време може да ја посетите Базиликата на Св.Антон Падовски во која се сместени неговите мошти. Во договорено време со водичотна групата сместување во хотел. Вечерта организирано заминување на дочек на Новата 2027 на плоштад во Падова! Среќна Нова 2027!!! Ноќевање.

  3. Ден 3 3.Ден 01.01.2027 (петок) ФИРЕНЦА

    01.01.2027

    Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: - - Плоштадот Сињори, - Палацо и Понте Векио, - Дуомото Санта Марија дел Фјоре - Крстилницата Сан Џовани... По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.

  4. Ден 4 4. Ден 02.01.2027 (сабота) ВЕНЕЦИЈА

    02.01.2027

    Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон разглед на градот Венеција. Во договорено време со пратителот се упатуваме кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед. Ќе имате можност одблизу да ги видите: - Мостот на Воздишките - Дуждевата Палата (Влез со доплата) - Црквата Св. Марко (Влез со доплата) - Плоштадот - Мостот Риалто - Каналот Гранде Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција во новогодишнa атмосфера. Препорачуваме топла облека, бидејќи се патува во зимски период и времето на враќање е вечерно. Во договорено време собир на групата и заминување од Венеција. Поаѓање за Македонија, дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

  5. Ден 5 5.Ден 03.01.2027 (недела) СКОПЈЕ

    03.01.2027

    Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница.

Цени

ПРОМО цена за резервации и уплата до 15.11.2026 – 169€/10.478ден
Со пријава на ПРОМО пакет екскурзии од 80€
РЕДОВНА ЦЕНА - 199€/12.338ден

Услови

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;  
- Сместување во хотел 3* во регион на база 2 ноќевања со појадок; 
- Организирани посети според програмата 
- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето. 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
 -Задолжителна посета и разглед на Венеција - 35€ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Фиренца со локален водич - 55€ (доплата на лице место)  
- Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице за престој доплата на лице место) 
- Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)

Промо пакет факултативи: 80€ наместо 90€!

Попусти и опционални доплати: 
- Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,  
- Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),  
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта), 
- Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

Важни напомени: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање. 
- За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа. 
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.  
- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Супер Травел.