Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србја .Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.
Суботица град и општина во северна Србија , во Автономната Покраина Војводина. Се наоѓа на 10 километри од границата со Унгарија. Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што ПанонскатаНизина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт.