Прескокни до содржината

Mona 4*

ЗИМА 2026/27

Фотографии

Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4* Mona 4*

Хотелот е лоциран во самиот центар на Златибор и опкружен со прекрасна борова шума која дополнително го збогатува целокупното доживување. 

Хотелот е дизајниран со комбинација на традиционални и модерни елементи – дрвени облоги и фини ткаенини во топли тонови – создавајќи уникатно планинско чувство во текот на целата година. На гостите им се на располагање 120 пространи и удобни соби и апартмани со модерни содржини за одмор и релаксација: сопствена бања, телевизор со кабелска телевизија, сеф, мини-бар, фен, телефон и бесплатен интернет.

Хотелот „Мона“ им нуди на гостите можност да уживаат во единствени моменти посветени само на себе.

Сите сместувачки единици се климатизирани.

Собите во хотелот „Мона“ се удобни и пријатни, совршени за релаксација – сами, во друштво на партнерот или со целото семејство. Внатрешноста е модерна, едноставна и функционална, со многу природна светлина и големи прозорци кои нудат фантастичен поглед кон преубавиот Златибор.

Богатата понуда вклучува стандардни, комфорни и супериорни соби за максимално уживање. За оние кои претпочитаат апартманско сместување, класичните апартмани или „Мона“ апартманот целосно ќе ги задоволат сите ваши потреби.

Дополнително, хотелот нуди богата палета на опции за забава, рекреација и уживање во гастрономијата, меѓу кои се рестораните „Перун“ и „Вила“, „Лада Бар“, детската играотека „Моника“, како и комплетно опремениот велнес центар „Инспириум“, достапен за сите гости.

Цени

Резервацијата се проверува преку хотелскиот систем.
За проверка на цена ислучиво во агенција!

Локација

Златибор

Услови

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.