Прескокни до содржината

ЛУТРАКИ

Фотографии

ЛУТРАКИ ЛУТРАКИ ЛУТРАКИ ЛУТРАКИ ЛУТРАКИ

Дочек на Новата Година во Лутраки(Пожар) -Грција


31/12/2026 - 02/01/2027 (3 дена / 2 ноќевања)

1 ден.Скопје – Гевгелија –Лутраки 31.12.2026 (Четврток)
Состанок на групата во договорено време и место. Поаѓање кон Лутраки,со попатни паузи. Преку граничен премин Богорoдица, продолжувамекон Јаница (Γιαννιτσά). Патот води кон Аридеа. Пристигнување во Лутраки
(Пожар). Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Водоговореното време поаѓање кон ресторан Пантеон. Дочек на Нова година,Свечена вечера со македонска и грчка музика.
2 ден. Лутраки 01.01.27 (петок)
Појадок. Организирана посета на термалните бањи. Слободно време закористење на базените со топла термална вода со температура од 37 степени.
(задолжително понесете костим за капење и пешкир). Враќање во Хотел. Слободно
попладне за индивидуални активности.
3.ден Лутраки – Воден – Гевгелија– Скопје 02.01.27 (сабота)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Воден. Посета на катарактите иводопадот. Слободно време за прошетка. Во доцните попладневни часови се
упатуваме кон Македонија со попатни паузи.


Цена за хотелско сместување со појадок :

Хотел Паладиум - 185евра или 11470 денари
Хотел Термора Орма – 175 евра или 10850 денари

Цена за апартманско сместување без појадок :

Апартмани Харамота – 160 евра или 9920 денари
Апартмани Анестис – 150 евра или 9300 денари

Во цената е вклучено:
· 2 ноќевања со појадок во Хотел Паладиум 3*
· 2 ноќевања со појадок во хотел Термора 3*
· 2 ноќевања во апартмани без појадок (апп. Харамата, апп. Анестис)
· Богата свечена новогодишна прослава во ресторан Panteon со бенд од Македонија
· (Избор на порција – јагнешко, свинско, или риба со прилог) , салати, неограничен пијалок и десерт
· Превоз на дадената релација Скопје – Велес - Неготино –Гевгелија и обратно
· Организација на патувањето
· пратител на група
· За сопствен превоз се одбива 10 евра
· Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
· Влезница за топлите бањи 3 евра по лице
· Индивидуални трошоци
Условиза деца: до 3 год. Бесплатно , за деца од 3 до 12 години се плаќа 50% одаранжманот (користат седиште во автобус, сопствен кревет и Н.Г вечера)

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.