Куршумлиска Бања - Хотел Планика 4*
Фотографии
Програма
-
Ден 1 1.Ден 25.12.2026 (петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
25.12.2026
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
-
Ден 2 2.Ден 26.12.2026 (сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
26.12.2026
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
-
Ден 3 3.Ден 27.12.2026 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА
27.12.2026
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цени
Локација
Услови
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.