КРАЈОВА – БОЖИЌЕН МАРКЕТ
Со посета на Турну Северин и Ниш .
Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.
Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Ден 1: 12.12.2026 (Сабота)
Поаѓање: Во раните утрински часови од Кавадарци, со можност за приклучување од Велес, Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
.Турну Северин .Градот има население од 80000 жители, се наоѓа во историската покраина Влашка на бреговите на Дунав, на нејзиниот истек од Ѓердап.
Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Турну Северин, краток одмор и заминување кон Крајова.
Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија.
Пристигнување во Крајова, разгледување на градот: Народен театар „Марин Сореску“, плоштад „Вилијам Шекспир“, Англиски парк, споменик на Александар Јоан Куза - основачот и првиот принц на Романија, Градско собрание на Крајова, плоштад и споменик на Михај Храбриот - романски национален херој, Административна палата, Музеј на уметност, лизгалиште, црква „Света Троица“, споменик на Карол I Хоенцолерн - првиот романски крал, црква „Успение на Пресвета Богородица“, катедрална црква „Свети Димитриј“, Етнографски музеј, улица „Липскани“ во стариот центар на градот.
Слободно време и индивидуално можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 1-2 часа) за љубителите на шопинг.
За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија.
Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во . Турну Северин Ноќевање.
Ден 2: 13.12.2026 (Недела)
Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.
Турну Северин град е наследник на античката римска Дробета, клучна тврдина и пристаниште на Дунав.Мостот на царот Трајан (103–105 н.е.) е изграден тука, кој бил долг над 1.130 метри – се смета за архитектонско чудо на своето време. Индивидуални може да се видат културно-историските знаменитости: Тврдината на Северин, Трајановиот мост,Палатата на културата , Водената кула,Музејот Железна врата, Фонтаната Кинетика . Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка.
Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.
ЦЕНА: 119 евра (7.380 ден.)
ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 109 евра (6760 ден.)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
1 ноќевање со појадок во хотел во Турну Северин;
Превоз со туристички автобус на наведената релација;
Посета на Крајова, Турну Северин и Ниш;
Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко здравствено осигурување;
Влезници за културно-историските споменици и атракции;
Доплата за еднокреветна соба;
Лични трошоци за време на патувањето.